Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев на Бледскиот стратегиски форум: Европа е нашето семејство и очекуваме да не прифати

0
By НОВА ТВ on September 1, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Зоран Заев денеска зеде учество на лидерскиот панел на Бледскиот стратегиски форум посветен на темата „Иднината на Европа – Проширувањето“.

Европа е нашето семејство и очекувано е семејството да ја прифати Северна Македонија која е во срцето на континентот, порача премиерот Зоран Заев во обраќањето на лидерскиот панел на Бледскиот стратегиски форум.

– За нас ЕУ нема алтернатива. Ситуацијата на Северна Македонија е како кога некој сака да биде прифатен од некое семејство на кое отсекогаш му припаѓа, а Европа е нашето единствено семејство. Ние ќе продолжиме понатаму да ја оствариме нашата определба да станеме следна членка на ЕУ за која што нема алтернатива, потенцираше Заев.

Тој потсети дека нашата земја е повеќе од 16 години земја кандидат и земја која го потпиша Договорот за стабилизација и асоцијација во 2001 година веднаш после Словенија, а пред Република Хрватска.

– Ги спроведовме сите реформи предвидени во пристапната фаза за членство во ЕУ, како и сите критериуми утврдени согласни процедурите за проширување на Брисел. Имаме 12 препораки и конечна препорака на Европската комисија со Европскиот совет дека земјата може да ги почне преговорите за членство со организација на првата меѓувладина конференција. Имаме одлични односи со соседите и ги надминавме отворените прашања со што ни се отворија вратите за да бидеме 30-та членка на НАТО. Имаме функционално мултиетничко општество кое ги доби сите признанија и се препознава како модел и пример за другите, и се надевам дека конечно ќе ги започнеме преговорите по поглавјата за членство во ЕУ, рече Заев.

Премиерот говореше и за иницијативата „Отворен Балкан“ за која рече дека е иницијатива посветена на соработката меѓу земјите од регионот за да ги постигне европските стандарди за квалитетен живот за граѓаните и за одржување на мотивацијата за остварување на членство во ЕУ.

Обраќање на лидерскиот панел „Иднината на Европа – Проширувањето“ на Бледскиот стратегиски форум имаше претседателот на Словенија Борут Пахор кој истакна дека оваа година форумот е специјално посветен на земјите од Западен Балкан и укажа дека регионот е дел од Европа и дека треба да активно да учествува во проширувањето на ЕУ и дека одложувањето на проширувањето ќе предизвика сериозни последици.

Словенечкиот претседател потенцираше дека проширувањето на ЕУ со Северна Македонија и Албанија не е само политичка, туку морална обврска за Брисел и заради фактот што Република Северна Македонија направи сѐ што беше неопходно, а ЕУ за возврат не испорача ништо.

На панелот, како што се наведува во владиното соопштение, учество зедоа премиерот на Словенија Јанез Јанша, членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина Жељко Комшиќ и Шефик Џаферовиќ, еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, премиерот на Полска Матеуш Моравјецки, премиерот на Косово Албин Курти, премиерот на Албанија Еди Рама,  претседателот на Бугарија Румен Радев и Кристијан Шмит како специјален претставник за Босна и Херцеговина, беше споделена согласност дека проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан е придобивка и за Европа и за регионот.

ЕУ Заев форум
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.