Капиталните инвестиции значат живот за националната економија. Градиме инфраструктура, се поврзуваме со соседите и со регионот.
Во Предлог-буџетот за 2022 година капиталните инвестиции се планирани на историски највисоко ниво од 37,8 милијарди денари и се повисоки од буџетскиот дефицит.
За патната инфраструктура само за Коридорот 8 издвоени се 6 милијарди денари.
Вложуваме во изградба на нови автопатски делници: Тетово – Гостивар – Букојчани и Требеништа – Струга – Ќафасан.
На Коридорот 10-д предвидена е изградба на делницата Прилеп – Битола.
Продолжуваме со изградба на автопатската делница од Кичево – Охрид, Скопје – Блаце, експресните патишта: Градско – Дреново, Дреново – Фариш, втората фаза на Штип – Радовиш, понатаму Крупиште – Кочани, како и експресниот пат Ранковце – Крива Паланка.
Дополнително, преку Јавното претпријатие за државни патишта, продолжуваме со рехабилитација на магистралните патни правци.
Во делот на железничката инфраструктура во 2022 година, започнуваме и со изградба на пругата кон Бугарија, делницата Куманово – Бељаковце – Крива Паланка, финансирана од Европската банка за обнова и развој и со грант од Европската Унија.
Интензивно работиме и на обезбедување на финансиска конструкција и за третата фаза од пругата кон Бугарија, од Крива Паланка до Деве Баир. Силно сме посветени на модернизација на Европските коридори и на економскиот развој на Северна Македонија, објави претседателот на владата Зоран Заев,