Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Не бараме членство во ЕУ веднаш, бараме почеток на преговори

0
By Нова ТВ on June 15, 2019 ВЕСТИ
Фото: europeanwesternbalkans.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, June 15, 2019 16:57

Северна Македонија не бара веднаш да стане членка на Европската унија, но сака по сите вложени напори да ` се овозможи отворање на претпристапните преговори, порача премиерот Зоран Заев денеска во своето обраќање на последниот ден од тридневниот Форум „Европа Вахау“ во Гетвајг во Австрија.

Во фокусот на дискусијата на последниот ден од форумот беа перспективите на Западен Балкан во однос на неговата целосна интеграција во ЕУ, при што учесниците, меѓу кои и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, заклучија дека за регионот клучна е веродостојната европска перспектива.

Заев нагласи дека Скопје не гледа никаква алтернатива за полноправното членство во ЕУ.

„ЕУ за нас е атрактивна и таа нè мотивира. Досега сторивме многу и веруваме во Европа. Го сменивме името и го сочувавме идентитетот“, појасни тој.

Еврокомесарот за проширување, Хан изјави дека заедницата на Европа е можна само со прием на сите земји од Западен Балкан. Според него, внатрешноевропскиот процес на обнова и процесот на проширување, кои како што појасни ќе траат со години, треба паралелно да се одвиваат.  Меѓутоа укажа дека за такво нешто е потребна политичка волја.

Претседателката на австриската покраина Долна Австрија, Јохана Мики Лајтнер порача дека на регионот треба да му се даде веродостојна европска перспектива.

„На земјите од Западен Балкан треба да им се помогне во нивната обнова, а со државите како што се Северна Македонија и Албанија треба да се почнат претпристапни преговори“, нагласи таа.

Мики Лајтнер, некогашна министерка за внатрешни работи на Австрија, изјави дека е неопходно да се понуди веродостојна и конкретна перспектива тие земји да можат да станат членки на Унијата. Според неа постојат само две можности – регионот да се препушти на Кина, Русија или некој друг или да стане дел од европското семејство на вредности.

„Откако земјата кандидат ќе ги исполни сите критериуми во однос на владеењето на правото, слободниот пазар и почитување на човековите права, не смее да има одложување и погрешни компромиси“, додаде таа.

Австриската канцеларка Бригите Бирлајн потсети на отворањето на границите пред 30 години и пристапување на Австрија пред 25 години, оценувајќи го тоа како важна историска пресвртница. Австрија, според неа, ја докажала стабилноста и доследноста во европската политика.

„Европа е пред големи предизвици, кои мора заедно да ги совладаме. Австрија е подготвена да даде свој придонес“, додаде Бирлајн.

Претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани изјави дека е неопходно заедничко изјаснување за силна и заедничка Европа. Важна основа за тоа е јакнење на принципот на субсидијарност, заедничка надворешна политика, единствена политика кон мигрантите, како и заеднички буџет и повеќе пари за истражување и иновации. Тајани заклучи дека стабилноста на Балканот значи и поголема стабилност за Европа.

„Европа Вахау“ Зоран Заев форум
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.