Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Не беше лесно да се направат кандидатските листи

0
By Нова ТВ on November 6, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Еве ги кандидатските листи, еве ги победничките листи, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев во својот говор на почетокот на 21.конгрес на партијата на која треба да се изгласаат листите за пратеници за предвремените парламентарни избори на 11 декември.

„Не било лесно ова со кандидатските листи, но можам да ви кажам дека донесовме одлука и во името на раководството на партијата и во името на граѓаните ја барам вашата поддршка за пратеничките листи на СДСМ и на граѓаните за заедно да излеземе на избори и да донесеме историска граѓанска победа“, рече Заев.

Покажувајќи кон кандидатските листи, Заев рече „Еве ги кандидатските листи, еве ги победничките листи“.

„Ова е една соработка во која партијата ги отвора вратите и душата кон граѓаните. Отвораме место за сите, тука не има од различни региони, различни професии, различна етничка припадност. Ние имаме шанса да создадеме блескав парламент, кој ќе избере чесна влада. Дајте ја поддршката на кандидатските листи кои носат пораз на едноумието. Да испратиме порака дека Зоран Заев не е сам“, рече Заев.

Неговиот говор беше поздравен со аплауз и овации од присутните делегати.

Конгресот започна со доцнење од два часа, но и покрај чекањето, делегатите и раководството на партијата го поздравија со голем аплауз.

Моментално трае работниот дел на конгресот кој е затворен за јавноста, а новинарите повторно ќе бидат повикани во салата откако делегатите ќе донесат одлука.

Инаку денеска медиумите ги објавија носителите на листи и пратеници, кои според наши информации на Централниот одбор биле малку изменети.

Носителите и кандидатите на листите вечерва ќе бидат познати официјално откако за тоа ќе се расправа на Конгресот на партијата.

делегати избори Конгрес СДСМ пратеници пратенички листи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.