Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Нема да дозволиме блокадите на опозицијата да ги спречат граѓанските права

0
By НОВА ТВ on August 19, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот апелира до опозицијата да го поддржи Законот за лични карти. Во меѓувреме, тој најавува решение и за остварување на гласачкото право на граѓаните кои имаат неважечки лични карти.

Тие блокираат, ние наоѓаме решенија. Секогаш ќе правиме максимум за решенија против блокадите што во Собранието ги прават Левица или ВМРО-ДПМНЕ кога блокираат закони и политики од секојдневен, животен интерес на граѓаните. Граѓаните не сакаат кочење, деструкции, уназадување, режим, напиша на својот „Фејсбук“ профил премиерот Зоран Заев.

– Нема да дозволиме таквите политики, спротивни на интересите на граѓаните, да им ги спречуваат нивните основни права. И овој пат не дозволивме 40.000 граѓани кои во моментов се без лична карта да останат без пари, како резултат на несолидарното и неправедно однесување на Левица. Во соработка со Македонската банкарска асоцијација (МБА) најдовме решение за проблемот што настана со граѓаните кои немаат важечки лични карти и затоа не можеа да си подигнат пари од банките и да вршат други трансакции, напиша Заев.

Граѓаните кои имаат неважечки лични карти веќе можат да ги користат банкарските услуги. Банките и штедилниците ќе им ги пирфаќаат и ливчињата од МВР кои се издаваат при фотографирање за лична карта, што е доказ дека се во процедура за издавање на нов документ.

Заев информира дека со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и со Владата ќе најдат и решение за да се обезбеди гласачкото право на граѓаните кои имаат неважечки лични карти, а се фотографирале за нова.

– Да го обезбедиме уставно загарантираното право граѓаните да не бидат исклучени од избирачкиот список заради застарените лични карти и во соработка со Државната изборна комисија (ДИК) ќе се направи сè за да се изнајдат законски можности за граѓаните со неважечки лични карти да можат да го остварат своето основно демократско право, да можат да гласаат на избори, стои во објавата на профилот на Заев.

Премиерот потсетува дека секоја блокада во Собранието е на штета на граѓаните. Заев апелира до пратениците:

– Во интерес на основните човекови и демократски права, апелирам уште еднаш до опозицијата – запрете со блокадите, граѓаните имаат право на сопствените пари и на сопствениот глас!

Заев закон избори лични карти
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.