Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Нема избори без Законот за ЈО, за одбрана и протоколот за НАТО

0
By Нова ТВ on February 4, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 4, 2020 09:41

Доколку ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, ДПА, Движењето БЕСА, ДОМ, ЛДП, партиите на Србите, на Ромите и на Турците сакаат да нема одложување на изборите треба да се донесе законот за јавно обвинителство, порача лидерот на СДСМ, Зоран Заев оти, како што истакна, така било договорено со сите партии во агендата до распуштање на Собранието на 12 февруари.

„

„Ако некој го прекрши тоа, дотогаш распуштање на Парламентот и распишување на изборите нема да се случи“, рече Заев.

Премиерот Оливер Спасовски вчера во интервју за национална телевизија рече дека не верува во одложување на изборите, но и доколку се одложат, според него, тоа ќе биде по месец или два.

„Европските перспективи мора да дојдат час поскоро. Сега кога ќе ги погледнете тие два интереса, навистина е поважен интересот и напредокот на државата“, потенцира Спасовски.

Вчера беа одржани повеќе билатерални средби со претставниците на пратеничките групи на кои се разгледуваа нивните амандмани за законот за ЈО. Од Министерството за правда информираат дека целта на тие средби е обезбедување консензус и двотретинско мнозинство.

По последната средба на работната група во петокот, некои пратенички групи викендов доставиле амандмани за законот за јавно обвинителство, а некои замолиле за дополнително време за да ги формулираат заради обврските што ги имаа со Жан Моне дијалогот.

За ВМРО-ДПМНЕ е прифатливо законско решение што ќе се изработи и произлезе од самата експертска јавност која беше вклучена во јавната дебата за законот за јавното обвинителство, вели лидерот на опозициската партија Христијан Мицкоски.

„Потребно е квалитетно законско решение, а не онакво какво што власта турка на мала врата на само недела и пол пред распуштање на Парламентот. Затоа за ВМРО-ДПМНЕ, со цел да не се робува на суетата на одредени министри и стравот на Заев од одговорност, е прифатливо законско решение кое ќе го изработат и ќе произлезе од самата експертска јавност која беше вклучена во јавната дебата за законот за јавното обвинителство“, наведува Мицкоски во пишана изјава.

Мицкоски вели да не се креира законско решение за заштита на партиските интереси на поединци, туку решение предложено од експерти кое ќе биде прифатливо за Собранието.

Генералниот секретар на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев во неделата порача дека не отстапуваат од барањата за законот за ЈО, откако во петокот го повикаа Министерството за правда да организира средба со правните експерти кои дале забелешки на јавната расправа и заедно со нив да направат амандмани на предлог-законот.
Министерката за правда, Рената Дескоска истиот ден му порача на ВМРО-ДПМНЕ дека ако мислат оти има потреба од измени на текстот на законот, да се посветат на подготовка на амандмани. Само така, рече таа, ќе покажат дека се подготвени да ги стават интересите на евроинтеграцијата пред личните интереси на обвинетите и осомничените криминалци од нивните редови.
Останува отворено прашањето дали партиите ќе успеат да ги усогласат ставовите за да може Парламентот да го донесе законот до распуштање на Собранието. Според претседателот на Парламентот Талат Џафери, има деловничка можност Предлог-законот да биде веднаш ставен на собраниска седница доколку текстот биде усогласен. На неопходноста од донесување на законот за ЈО изминатите денови укажуваа и внатрешните политички фактори, но и меѓународната заедница.
Закон за ЈО Закон за одбрана Зоран Заев избори Протокол за НАТО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.