Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Ние сме првата земја во регионот што ја разви „Гаранцијата за млади“

0
By Ivana on August 12, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Земјоделството и производството на храна се шанса за успех, а пандемијата со КОВИД-19 уште повеќе ја нагласи потребата населението да биде обезбедено со здрава, безбедна, квалитетна и разновидна храна.

За таа цел, оваа Влада ја донесе мерката за поддршка до 20.000 евра неповратни средства за поттикнување на земјоделското производство на млади земјоделци. Отворена е можноста, што повеќе млади да се вклучат во целокупниот процес на земјоделство, да обезбедат добри услови за својата иднина и да останат, да ја градат тука, дома, напиша премиерот Зоран Заев на својот официјален фејсбук профил.

Според Заев, исклучително е важно да се адресираат и други клучни предизвици кои се дел од #Агенда2030 на Обединетите Нации, како: намалувањето на младинската невработеност, социјалната вклученост, здравствената грижа, зачувувањето на биолошката разновидност и ублажување на климатските промени.

Во постот, Заев не заборави да ги спомне и младите доктори на кои во оваа прилика им оддава јавно  признание и благодарност.

– Северна Македонија е првата земја во регионот што ја разви „Гаранцијата за млади“, што даде значителен успех во однос активноста на младите на пазарот на труд во нашата држава. Заедно со другите сеопфатни и координирани младински политики, како што е Оперативниот план за вработување, стапката на младинска невработеност од 41,9 отсто во 2016, се намали на 29,6 проценти во 2020. Ја увидовме потреба од инклузија на младите во важните општествени процеси и затоа, денес преку Законот за младинско учество и младински политики во сите органи на државната управа и во единиците на локалната самоуправа има назначено службеник за млади, кој ќе им помага на младите за прашањата што ги интересираат од доменот на конкретната институција (https://vlada.mk/sluzbenik-za-mladi), наведува Заев.

Тој истакнува и дека младите преку личен ангажман беа и сѐ уште се активни во справувањето со последиците од КОВИД-19.

– Сакам да оддадам признание и благодарност до младите доктори, кои се директно или индиректно вклучени во здравствениот систем и кои неуморно се борат за животите на нашите граѓани и до сите млади волонтери, кои преку индивидуален, но и колективен ангажман, придонесуваат за справување со пандемијата, напоменува премиерот.

Потсетува и дека #InternationalYouthDay се одржува секоја година на 12 август, како и дека е иницијатива која ги слави квалитетите на младите и ги препознава предизвиците со кои може да се соочи денешната младина.

– Денешниот #МеѓународенДенНаМлади го одбележуваме, препознавајќи ја препознаваме важната улога на младите во креирањето на демократско општество и преку институциите заедно креираме политики за подобар живот за сите граѓани, додава Заев.

Зоран Заев млади регион
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.