Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Нови 120 работни места со просечна плата од над 33.500 денари со новата инвестиција на „Текнопанел“

0
By НОВА ТВ on September 23, 2021 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 23, 2021 18:01

Делегација на турската компанија „Текнопанел“, предводена од сопственикот Орхан Кахвеџи одржа работна средба со премиерот Зоран Заев и директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски на која беше презентирана новата инвестиција на компанијата во Северна Македонија.

Премиерот Заев искажа задоволство од одлуката на компанијата  „Текнопанел“ да инвестира во Северна Македонија, како прва инвестициска дестинација за оваа компанија надвор од матичниот пазар. Дополнително, што европскиот пазар ќе се снабдува со производството од нашата земја. Премиерот Заев подвлече дека двете пријателски земји, Република Северна Македонија и Република Турција во континуитет ги унапредуваат билатералните односи, како и економската соработка, а голем број компании од Турција веќе работат во нашата земја.

Компанијата „Текнопанел“ ќе инвестира 16 милиони евра во изградба на нов производствен капацитет во ТИРЗ 1 Скопје. Производството се очекува да започне во 2022 година.

Според инвестицискиот план и финансиски проекции, „Текнопанел“ ќе отвори 120 нови работни места во оваа фаза. Според проекциите, се очекува компанијата да оствари вкупен извоз од над 170 милиони евра во следните 10 години, само како обврска за придонеси за плати, во буџетот на државата да уплати над 5 милиони евра приходи додека обврските за данок на добивка и персонален данок на плати надминуваат 2,5 милиони евра.

Турската компанија „Текнопанел“ со која ќе се потпише договор во наредните неколку недели е првиот странски инвеститор со кој Владата ќе склучи договор со елементи од новиот концепт на работење на Дирекцијата за ТИРЗ.

Во прв ред Владата ќе обезбеди финансиска поддршка за отворање на работни места со просечна нето -плата над 33.500 денари месечно и загарантиран раст на плати од 5% годишно. Исто така ова е прва компанија со која почнува да се применува новиот принцип на вреднување на земјиштето како дел од државната помош, односно за прв пат државата ја користи пазарната вредност на земјиштето како ресурс што се дава на користење на инвеститорот како мерка на државна помош.

Според новиот концепт на привлекување инвестиции во ТИРЗ, секој потенцијален инвеститор задолжително доставува 10 годишен инвестициски план врз база на кој се проценува капацитетот на компанијата и инвестицијата, и се подготвува индивидуализиран пакет за учество на државата во инвестицијата.

„Текнопанел“ е високотехнолошка компанија која произведува иновативни таканаречени „сендвич“ кровни панели кои истовремено нудат топлинска, хидро и звучна изолација, а отпорни се и на пожар. Особено се користат за покривни површини на индустриски згради.

Компанијата е еден од најголемите извозници во Турција и на листата Топ 500 водечки индустриски компании во земјата, со 5 фабрики во Турција, над 450 вработени и извезува во 89 земји во Азија, Европа и Америка.

Заев инвестицја работа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.