Премиерот, Зоран Заев, изјави денеска дека очекува наскоро истрагата за бегството на осудениот Игор Спасов да го пронајде поранешниот полициски специјалец осуден за убиството на Мартин Нешковски. Штипскиот суд во меѓувреме распиша национална потерница за Спасов, кој по привремениот отпуст поради лекување не се врати во затвор каде издржува 14-годишна затворска казна.
„Очекувам истрагата да покаже каде е човекот. Прочитав од медиумите за бегството, институциите постапуваат според законот и очекувам МВР да утврди каде е. Верувам дека истрагата ќе дознае бргу што се случува – рече премиерот.
МВР распиша национална потерница по Игор Спасов по барање на штипскиот Суд, откако Спасов не беше пронајден во својот дом во Штип.
Специјалецот Игор Спасов, е осуден на 14 години затвор за убиството на Мартин Нешковски. Тој е во затвор од 2011 година и досега одлежа 6 години од казната. Во потерницата е наведено дека Спасов се бара за „доиздржување на казната затвор од 7 години и 3 месеци“.
Објавена е потерницата по Игор Спасов