Три илјади и осумстотини лица во земјава загубиле траен работен однос во периодот меѓу 11 март и 30 април како последица на кризата предизвикана од коронавирусот, истакна лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
„Бројката на нови невработени во земјата е 8.160 лица од 11 март кога се затворија школите, а на 13 март и кафулињата и рестораните. На 4.279 од нив им истекле договорите за определено работно време, значи не биле трајно вработени. Значи не се 140.000, не се 100.000, туку 8.160, а со траен работен однос биле 3.800 што покажува дека мерките се вистински димензионирани“, истакна Заев.