НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев од Аеродром: Млади, почнете свој бизнис, државата ќе ве поддржи

0
By НОВА ТВ on October 5, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

СДСМ и Коалицијата вечерва централниот карван „Најдоброто за мојата општина“ го одржа меѓу граѓаните на Петровец и Илинден, а на централниот настан го одржа во Аеродром. Вториот карван на СДСМ и Коалицијата беше во Гази Баба.

Во овие четири години постојано инвестираме во издржани, реални младински политики за младите да останат овде и овде да ја градат својата иднина, а следните четири години ги посветуваме на младиот човек, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев на трибина во Аеродром. Тој пред присутните најави нова мерка која ќе донесе дополнителна мотивација секој млад човек да тргне на работа. Станува збор за плаќање на придонесите од страна на државата на секој млад кој ќе се вработи од први јануари.

– Дополнително, оние кои немаат практично искуство, ќе бидат поддржани преку практиканство во фирмите, кое државата директно ќе го покрие. Ве повикувам драги млади, следете ги можностите кои доаѓаат и на централно и на локално ниво тие се пред вас, државата и општините ви ги обезбедуваат, останете дома, и ангажирајте се на пазарот на трудот. Што порано стекнете работно искуство и вештини, толку побрзо ќе напредувате во кариерата. Најмногу очекувам младите да се мотивираат и да започнат свој бизнис, да бидат свои газди со свои сопствени фирми. Државата ќе ве поддржи, рече Заев.

Кандидатот за градоначалник на Аеродром од редовите на СДСМ и Коалицијата, Александар Филиповски, пред граѓаните ги кажа главните проекти од изборната програма, како што се изградбата на две нови градинки, во Мичурин и Ново Лисиче, изведбата на нов младински центар, два затворени базени, монтажни гаражи, нов парк од 5.000 м2…  Филиповски говореше и за својот противкандидат од ВМРО – ДПМНЕ.

– Ако Тимчо Муцунски веруваше во својата победа уште првиот ден откако ја објави кандидатурата за градоначалник, ќе си дадеше оставка во Собранието. Ако Тимчо толку искрено го сака Аеродром, ќе се откажеше од месечната собраниска плата и целосно ќе се посветеше на Аеродром. Е, на Аеродром не му требаат вакви калкуланти, рече Филиповски.

Носителот на кандидатската листата на советници во општина Аеродром на СДСМ и Коалицијата Александар Трајановски, истакна дека СДСМ има програма, која ќе го направи Аеродром една од најубавите општини во Скопје.

– СДСМ постојано е на терен ги слуша граѓаните, идниот градоначалник Александар Филиповски сака да ги реши сите проблеми одеднаш, порача Трајановски.

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од СДСМ и Коалицијата, Петре Шилегов, на аеродромци им најави дека за еден месец ќе биде отворен мостот на булеварот АСНОМ, кој беше само ветување од претходните градоначалници, а со неговото поврзување низ Керамидница, со булеварот Гоце Делчев, се отвора нов коридор за 80.000 луѓе заборавени овде во минатото.

– Некогашната улица АСНОМ денес е ултра модерен булевар со велосипедски и пешачки патеки, ЛЕД осветлување, странично и средишно зеленило, ја решивме наследената перална на сред булеварот Трета македонска бригада, изградбата на новата улица Есенинова, која го поврзува   Аеродром со Кисела Вода е при крај и со неа конечно го решаваме хаосот кај Тутунски. Разликата е очигледна. Ние работиме одговорно, сериозно, со добро организирани планови, организирана работа, сега се знае дека булевар во Скопје може да се реконструира за 30 дена булевар во Скопје може да се изгради за 7 месеци и како што доликува на еден модерен град, во Скопје се работи навечер, рече Шилегов.

СДСМ имаше трибина и во Гази Баба. Потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски, кажа дека СДСМ изминатите четири години работеше вредно, одговорно и отчетно. Тој додаде дека партиските политики се за граѓаните, за зголемување на животниот стандард, за унапредување на инфраструктурата и условите за живот во секоја општина, во секој град и населено место.

– Пред четири години наследивме општини заглавени во долгови, без планови за развој, опустошени, помогнавме на сите општини да се раздолжат, обезбедивме и дополнителни 500 милиони евра за нови проекти на локално ниво, наместо барок и споменици, изградивме нови улици и патишта, водоводи, канализации, прочистителни станици, градинки, училишта, библиотеки, игралишта, рече Спасовски.

Кандидатот за градоначалник на СДСМ и Коалцијата за градоначалник на општина Гази Баба, Борис Георгиевски, вечерва пред граѓаните на Стајковци истакна дека пред четири години ја презел општината со долг од над 2 милиони евра целосно заборавена општина, оставена во 19 век.

– Посветено работиме за секое населено место, неселективно и ги решаваме проблемите кои ги наследивме од минатото, истакна Георгивевски додавајќи дека во Стајковци, е реконструираана месната заедница, оштетена од поплавата во 2016, за поголема безбедност, во соработка со МВР, е отворена канцеларија за превенција, реконструирана и обновена е водоводната мрежа на улиците 5, 6 и 25, комплетно се реконструирани улиците 6, 7,8, 9 и 10, улицата од училиштето Кирил и Методиј до новите гробишта, паботиме на атмосферскиот канал на улица 6, важен за регулација на атмосферските води, рече Георгиевски.

Носителот на советничката листа на СДСМ и коалицијата, Александар Димитријевиќ во Гази Баба рече дека и покрај блокадите од ВМРО-ДПМНЕ, овие четири години се инвестираше во секое населено место во општината.

– Листата која јас ја водам има имиња на ваши соседи и пријатели, кој сите овие години се бореле и дале се од себе Гази Баба да биде подобро место за живеење. Пред вас стојам и ја барам поддршката за мнозинство во Советот. Поддршка за да имаме функционален Совет, кој води напред, а не враќа назад. Совет кој носи развој, а не Совет кој назадува. Совет кој работи во интерес на граѓаните, а не на партијата. Совет поддршка за Борче, но и реален критичар и коректив на градоначалникот, рече Димитријевиќ.

Заменик – претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска вечерва беше во Бутел. Таа оттаму порача четири години се вложува во младите за да останат овде и овде да ја градат својата иднина.

– Инвестираме во издржани, реални младински политики, наместо во спомениците кои ни донесоа само кавги и поделби, младинската невработеност ја намаливме од 42 на 29 отсто, со цел до 2024 да стигнеме до само 17 отсто, сакаме младите да имаат шанса овде. Младите и се потребни на оваа земја, луѓе со енергија, со капацитет, со идеи и иницијативи да се развиваме во модерна, конкурентна држава. Затоа инвестираме во ученичкиот и студентскиот стандард. Воведовме субвенциониран студентски оброк, а на 17.836  студенти веќе им се исплатени 25,7 милиони денари за месец септември. Ги зголемивме студентските стипендии и за првпат воведуваме стипендии за докторанти, рече Лукаревска на средбата со граѓаните на општина Бутел, на која присуствуваше и кандидатот за градоначалник на СДСМ и Коалицијата, Велимир Смилевски.

Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ денеска беше на средба со жителите во населбата Козле. Тој оттаму порача дека динамиката на реализацијата на проектите во Општина Карпош мора да продолжат, бидејќи од тоа зависи квалитетот на живот на сите карпошани.

– Затоа карпошани ќе го изберат Најдоброто, бидејќи знаат дека покажавме и докажавме одговорно и транспарентно работење, грижа за сите и затоа масовно ќе го заокружат бројот 12, за Душко Весковски, рече Маричиќ.

На средбата беше присутен и кандидатот за градоначалник на општина Карпош Душко Весковски кој пред присутните ги повтори неговите заложби и најдобрите проекти за Карпош меѓу кои изградба на катна гаража околу комплексот ТЦ Лептокарија, нови градинки, зелени паркови, планска урбанизација и основање младински центар во Карпош.

избори кампања СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.