Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев од Битола: На локалните избори да го избереме најдоброто – да направиме уште еден чекор напред

0
By НОВА ТВ on September 27, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вечерва овде од градот на конзулите, заедно со нашите кандидати за градоначалници, ја бараме вашата поддршка – на престојаните локални избори да направиме уште еден чекор напред, да го избереме најдоброто за секоја општина, порача вечерва претседателот на СДСМ Зоран Заев на промоцијата на кандидатите за градоначалници, во Битола.

Заев истакна дека СДСМ преку Владата и институциите во овие четири години постави стандарди на одговорно и отчетно управување со државата.

– Ја развиваме државата на меѓународен план, ги развиваме општините на домашен план, го унапредуваме квалитетот на живот, расте животниот стандард. Земјата заедно ја поставивме во вистинскиот правец. Патот е прав. Конечно тргнавме напред. Одиме напред. И нема дилема. Најдоброто е можно единствено Напред. Република Северна Македонија покажа дека може да го испорача најдоброто за своите граѓани, но и за регионот и светот. Резултатите што ги постигнавме изминативе неколку години беа најдоброто за државата од осамостојувањето до денес. Затоа и одговорноста на секој од нас да продолжи трендот на Најдоброто од централно на локално ниво со интензивно темпо е голема, а голем и важен е и влогот на секој од нас во овој процес, порача Заев.

Тој се осврна и на поддршката на централната власт кон општините што резултира со засилен економски раст.

– Од централниот Буџет обезбедивме средства да ги раздолжиме општините. Обезбедивме дополнителни 500 милиони евра за нови проекти на локално ниво. Преку ТАВ програмата насочивме 35 милиони евра за 94 проекти во општините ширум државата. Преку Светска банка и Европската инвестициска банка обезбедивме и нови 70, плус 100 милиони евра за локални улици, патишта водоводи канализации, пречистителни станици. Проектот за поддршка и развој на туризмот во вредност од 25 милиони евра е во завршна фаза. Директните буџетски капитални програми за локални, општински, проекти изнесува 100 милиони евра, заклучи Заев.

Битола Заев кампања СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.