Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев од Гостивар: Бракот од интерес на ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса ќе се распадне уште в недела на полноќ

0
By НОВА ТВ on October 14, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

СДСМ и Коалицијата изборните активности на карванот „Најдоброто за мојата општина“ ги продолжи меѓу граѓаните на Кичево, Врапчиште, Гостивар и Струга, каде беа промовирани кандидатите за градоначалници. СДСМ и Коалицијата централниот митинг го одржа во Гостивар.

Мицкоски и Села се споија околу заедничката безидејност и омраза кон другите. Затоа таа вештачка коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците, тој брак од интерес ќе им се распадне уште во недела околу полноќ, кажа премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев на трибината „Најдоброто за мојата општина“ во Гостивар.

 

– Кога и двајцата ќе видат дека ниту членови на ВМРО-ДПМНЕ гласале за Алијанса за Албанците, ниту членови на Алијанса за Албанците гласале за ВМРО-ДПМНЕ ќе се распадне коалиција. Не може заедно „Македонци варвари“ и „Чиста Македонија“. Паметни се луѓето, не пиеме нафта, гледаме што се случува, кажа Заев.

Потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи од Гостивар кажа дека изминатите четири години СДСМ создаде услови за економски развој, за раст на платите и пензиите, подобрување на животниот стандард, за зголемување на субвенции, за инвестиции во инфраструктурата, во здравството, во образованието и детската заштита.

– Минималната плата во 2017 година беше 8-9 илјади денари, а за три месеци ќе биде 18.000 денари, ќе расте и просечната плата и во текот на нашиот мандат ќе се искачи на 34.000 денари, истакна Битиќи и најави дека 2022 година ќе биде година на младите.

Носителот на советничката листа на СДСМ и Коалицијата за општина Гостивар, Станиша Матески рече дека СДСМ не е дел од локалната власт во Гостивар, но советниците на оваа партија секојдневно се борат против неправдите нанесени на гостиварци.

– Со расипничкиот тандем ВМРО-ДПМНЕ и АА општина Гостивар секојдневно тоне, нив не ги интересира зеленило, животна средина, чист воздух, нив не ги интересира модерна инфраструктура, нив не ги интересираат граѓаните, тие се водат само од сопствените себични партиски интереси. Советничката група предводена од СДСМ, ќе се залага за субвенции за електронски уреди за ученици од основното и од средното образование, кои се жители на Општина Гостивар, за субвенционирање на дел од патните трошоци на студентите што живеат во Општина Гостивар, за стипендии за ученици од семејства во социјален ризик и еднородителски семејства, со цел создавање еднаква шанса за сите млади да можат да го остварат својот целосен потенцијал, без оглед на материјалната положба, рече Матески.

Заменик – претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска денеска беше во Кавадарци каде ги промовираше кандидатот за градоначалник на СДСМ за оваа општина, Горан Тодоров и носителот на советничката листа Диме Коцев.

– Ние не ги оставаме граѓаните на цедило, зашто секој граѓанин ни е важен. Нашите дела не се споменици, ниту фонтани, инвестираме во луѓето, вие сте највредниот ресурс на оваа држава. Враќаме стари долгови, инвестираме во сите општини, во партнерски однос со Владата и со граѓаните локалната власт ќе може да реализира капитални проекти, важни за граѓаните, рече Лукаревска.

Поплднево потпретседателот на СДСМ, Венко Филипче ја посети Струга, каде го промовираше кандидатот на СДСМ за градоначалник, Димче Шипинкаровски. Филипче на стружани им порача да изберат градоначалници и советници кои ќе соработуваат.

– Разликата помеѓу некогаш и денес е видлива и може да ја почувствува секој наш граѓанин. Денес живееме во слобода, демократија и ги живееме прогресот и напредокот за кои се изборивме и вредно работиме. Живееме една поинаква реалност наспроти заблудата и лагите кои ни ги нудеа ДПМНЕ цели 11 години. Живееме едно подобро време, а најдоброто доаѓа на голема врата во секој град и секое село. Најдоброто нуди светла и просперитетна иднина, нуди успеси наместо разочарувања, нуди уште поголеми реализации наместо стари лажни реторики, порача Филипче.

Подпреседателот на СДСМ Оливер Спасовски беше на средби со граѓаните на општината под Скопска Црна Гора, Чучер Сандево. Тој таму го промовираше кандидатот на СДСМ за градоначалник на Чучер Сандево, Сашо Комненовиќ, како и советничката листа. Спасоски ја потенцираше посветеноста и на централната власт да ги помага општините и проектите кои го унапредуваат квалитетот на животот на граѓаните.

– Како централна власт заедно ќе соработуваме и ќе ги поддржиме проектите на Сашко кои ќе ги планира за подобрување на животот на жителите од Чучер Сандево, рече Спасовски.

избори кампања СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.