Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев од Крива Паланка: Инвестицијата во ветерници за производство на струја е нашата „Зелена агенда“

0
By НОВА ТВ on October 12, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

СДСМ и Коалицијата денеска своите изборни активности на карванот „Најдоброто за мојата општина“ ги продолжи меѓу граѓаните на Крива Паланка, Кратово, Ранковце, како и во скопската општина Аеродром, каде ги промовираше кандидатите за градоначалници. Главниот митинг се одржа во Крива Паланка.

Секој ден врне, нека врне, есента со дожд ја личи и во недела ќе врнат гласови, ама за бројот 12 бидејќи сме на пет дена до локалните избори,  а вие знаете дека до пред само четири години имавте паша, а градот беше негов пашалак, затоа му покажавте црвен картон, па со Борјанчо Мицевски постигнавме напредок, што со посветенот и многу љубов и служеше на Крива Паланка, а сега Сашко Мицевски ќе го искачи градот на ново скалило, рече претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев на трибината во Крива Паланка.

– Доаѓа времето кога Крива Планка ќе им држи лекции на останатите општини во Северна Македонија. Денеска ја потврдувам најголемата германска гринфилд инвестиција во Северна Македонија, 415 мегаватна електрана во вредност од околу 520 милиони евра од делот кај Куманово до Крива Паланка, „Вирови“ ќе биде најголемиот ветрен парк, 69 ветерници од по шест мегавати, тие ќе создаваат над 400 мегавати струја што е приближно колку што произведува еден од двата блока во РЕК Битола, а тоа значи дека младите ќе останата да работат, а и општинскиот буџет на Крива Паланка ќе добие повеќе пари, ова е зелена агенда систем кон обновливи извори на енергија, за поголемо производство на струја, најави Заев.

Кандидатот за градоначалник на Крива Паланка Сашко Митовски вети дека во наредните четири години ќе продолжи со градење улици, канализации, детски паркови, училишта, градинки, спортски терени, за, како што рече, Крива Паланка да биде место во кое живеат и работат среќни луѓе. Митовски ветува и регулирање и решавање на метежот во централното подрачја со изградба на нови паркинг места и катна гаража. Тој најави и изградба на модерен туристичко рекреативен центар „Калин Камен“, регулација на Дурачка река со изградба на пристапен пат, гасификација на општината, модернизација и реорганизација на ЈП Коминалец.

– Mojaта визија за општината е атрактивна туристичка дестинација, со искористени природни ресурси, урбана, чиста и зелена општина, економски  развиена со плански уредена инфраструктура, со добро организирани  локални  институции, стручна и ефикасна администрација, која ќе обезбеди навремена  испорака  на  услуги  кон  граѓаните, рече Митовски.

Носителката на советничката листа за претстојните локални избори за општина Крива Паланка на СДСМ и Коалицијата Изабела Павловска кажа дека изминатие години во Крива Паланка се вложува во патна, канализациона, водоводна инфраструктура, се градат и патишта.

– Резултатите  се евидентни и  видливи, но тоа не ни дава за право да застанеме тука, напротив тоа е причина и мотив да продолжиме и да ги завршиме веќе започнатите проекти,  неуморно да работиме на уште поголеми вложувања кои ќе го подобрат животот на секој еден од нас, кажа Павловска.

Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ од Аеродром порача дека нудат проекти за чист воздух и хумани услови за живот. Тој побара од аеродромви поддршка за кандидатите за градоначалници на Аеродром и Град Скопје, Александар Филиповски и Петре Шилегов, како и за носителите на советничките листи.

– Ви ветувам дека нашите градоначалници и нашите советници ќе работат за вас. Тие ќе бидат тука вам да ви служат. Ние имаме коалиција со вас, со граѓаните и се обврзуваме дека нашите градоначалници деноноќно ќе работат за решање на вашите проблеми. Затоа драги пријатели, во недела сите заедно, сите обединети, сите со јасна цел и визија гласаме за најдоброто. Гласаме за број 12! Гласаме за Цанде, идниот градоначалник на Аеродром, гласаме за нашите советници, гласаме за СДСМ и коалицијата, гласаме за модерен и европски Аеродром!, повика Маричиќ.

А, кандидатот за градоначалник на Аеродром, Филиповски пред граѓаните вети дека во Ново Лисиче ќе се направи нова објект на градинка, ќе се работи на подигнување на нови зелени површини…

– Сервисните улици, пешачките зони и плочници повторно ќе се мијат со цистерни, со што ќе добиеме почисти јавни површини. Аеродром ќе биде општина – дом за сите генерации. Затоа што планираме младински центар, но и активни центри за стареење за највозрасните. Затоа што подобрувањето на условите во основното образование значи и изградба на сензорни соби, со цел еднакви шанси и за учениците со попреченост. Затоа што ќе ги подобруваме сервисните улици, но и ќе правиме 20 километри нови вело – патеки, рече Филиповски.

Кандидатот за градоначалник за Град Скопје, Петре Шилегов, оствари средби со граѓаните на Општина Чаир. Тој рече дека во изминатите четири години, во овој дел од Скопје е вложено како никогаш до сега.

– Ако во минатото Чаир беше заборавено од градските власти, денес оваа општина се развива паралелно и забрзано со останатите скопски општини. Во Чаир, ја завршивме реконструкцијата на улиците Кемал Сејфула, Втора Македонска Бригада, Македонско-Косовска Бригада, Џон Кенеди и бул. Крсте Петков Мисирков, рече Шилегов.

Заменик-претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска оствари средби со граѓаните на Ѓорче Петров. Таа рече дека нема поголема неправда за граѓаните, ако во центарот на Скопје да се инвестираат 700 милиони евра за барок и стиропор, а други општини да се остават без канализација, без вода, без асвалт, без градинки, со руинирани училишта, со неопремени здравствени установи.

– Со поддршка на Владата во општина Ѓорче Петров се планира изградба на нова детска градинка со капацитет над 150 деца. Во план е уредување на речното корито и кеј на реката Лепенец, изградба и проширување на водоводната мрежа, обновување на уличното осветлување,  изградба на Младински центар, базен, спортска сала, реконструкција на 18 сервисни улици и на тротоари, нови детски игралишта, рече Лукаревска.
избори кампања СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.