Четири години СДСМ ја предводи Владата и најголем дел од општините, тоа се четири години на успеси на локално, на централно и на меѓународно ниво, порача вечерва од Крушево, претседателот Зоран Заев.
„На меѓународен план ја вративме државата на вистинскиотм пат, ги решивме отворените прашања со соседите и да го зацврстивме македонскиот идентитет, станавме 30 земја членка на НАТО, се вративме на патот на интеграција кон ЕУ. Дома, ги вративме слободата и демократијата, ги отворивме институциите, го подигнавме животниот стандард на граѓаните, реализираме капитални инвестиции што го унапредуваат квалитетот на живот. На локално ниво инвестиравме во проектите што живот значат за општините и граѓаните. Изградивме и реконструиравме над 1.000 километри патишта. Изградивме 60 детски градинки, реконструиравме, изградивме нови 80 училишта, 34 болници, 20 домови на култура, театри, општински згради, изградивме објекти и проекти вредни повеќе од 500 милиони евра“ истакна Заев.
Претседателот Заев посочи дека СДСМ се посветува на помош на општините и силни инвестиции во инфраструктурата.
„Општините беа во долгови до гуша, ги раздолживме со 50 милиони евра и заеднички реализиравме над 7.000 локални проекти. Инфраструктурата е моторот на економскиот развој.Затоа, во изминативе 4 години посебна грижа водевме за локалните патишта и инфраструктурата во општините.
Со средства во вредност од 100 милони евра поддржани се сите општини во државата за изградба на подобра инфраструктура за водоснабдување и пречистителни станици. Овој проект ќе продолжи и во иднина преку Министерството за животна средина, со дополнителен фонд средства за поддршка на унапредување на локалната инфраструктура“ порача претседателот Заев повикувајќи ги граѓаните на 17 октомври да гласаат за број 12, за кандидатот Томе Христовски и советничката листа предводена од Андреј Николоски.
Заев најави дека во следните четири години предвидено е Крушево целосно да се гасифицира, за да се заштитиме оваа прекрасна природа но и да се намалат трошоците за загревање на домаќинствата.
Крушево ќе добие и нов водоснабдителен систем со што ќе се надминат проблемите со слабиот притисок во летните месеци, веќе работиме на тоа, добиени се еколошките согласности, нагласи Заев, додавајќи дека ќе се продолжи со рехабилитација на патиштата за Крушево да биде уште подобро поврзано со другите градови и населени места.
Ќе инвестираме во секој проект што значи унапредување на инфраструктурата, што значи привлекување на туристи во секој дел од годината, истакна Заев, нагласувајќи дека Томе Христоски и општина Крушево ќе ја имаат сета поддршка од Владата и инситуциите под централната власт.
Затоа што тоа го заслужувате, вие од Крушево, затоа што имате еден од најдобрите градоначалници во Македонија, од него можат да учат другите како се работи државнички, одговорно во интерес на граѓаните, така се работи за наше Крушево. Така се сака Крушево и сите негови граѓани, затоа СДСМ во Крушево на 17-ти октомври ќе победи со 12-ката уште во 12 часот, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев од Крушево.
На трибината се обрати и кандидатот за градоначалник Томе Христовски. Изградивме над 50 километри пат иако начекавме општина затрупана во долгови. Тој говореше за неопходноста да се гради и во околните села па го спомена цевководот во Саждево, резервоари за вода во Белушино и Борино, и ветри инвестиции во образованието и во младите, и најави ново повеќенаменско игралиште. Христовски зборуваше за инвестиција во фотоволтаична централа, зафат вреден 5 милиони евра, изградба на пат до манастирот „Света Петка“.
Со СДСМ, Крушево е на вистинскиот пат. Реализиравме над 6 милиони евра проекти во изминатите четири години, имаме конкретна понуда за наредните четири години, истакна вечерва во Крушево носителот на советничката листа за општина Крушево на СДСМ и Коалицијата, Андреј Николоски.
Тој нагласи дека во изминатите 4 години советот одигра важна улога во проектите кои се реализираа и најави дека дека заедно го продолжуваат патот која го започнаа градоначалникот Томе Христоски и СДСМ.
Ние како мнозинство во советот и градоначалникот ќе носиме важни одлуки за граѓаните и ќе реализираме проекти во и вон изборната програма, истакна Николоски, додавајќи дека програмата за овие избори е извонредна.
Меѓу позначајните проекти планирани за наредните 4 години, Николоски ги издвои реконструкцијата на домот на култура, доградбата на секундарната водоводна мрежа, воведување услуга за собирање на отпад во населените места.
Граѓаните не забораваат како живееле под локална и централна власт до 2017-та година. Тогаш немавме проекти. Имавме само закани, уцени, притисоци, а во октомври 2017 година добивме отворен градоначалник, кој ја отвори општината за сите, заради тоа и заради сите проекти, сите решени проблеми после вашето гласање во недела ќе добиеме убедлива победа во прв круг и убедливо мнозинство во советот, порача носителот на советничката листа за општина Крушево на СДСМ и Коалицијата, Андреј Николоски.
Заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска денеска беше воТетово.
Тетово е срцето на Полог, Тетово го заслужува Најдоброто, а Социјалдемократскиот сојуз и коалицијата  ја имаат најдобрата  програмска понуда за тетовчани, за здрава животна средина, за чист воздух, за уреден град, за достоинствен живот и шанса за секој.
“Манипулираат и калкулираат со емоциите на граѓаните, тоа им е најсилното оружје, со манипулации и лаги не се гради држава, настапуваме чесно и одговорно, имаме план и реални решенија за подобар и поквалитетен живот.
Тетово не смее да биде на листата на најзагадени градови, градот под Шара ќе дише чист воздух, имаме план за сите населени места, ги прифативме препораките на граѓанскиот сектор од Тетово за подобрување на работата на локалните власти, за решавање на проблемите со комуналниот отпад, за подобро улично осветлување, за поквалитетно водоснабдување.
Ги поддржуваме младите и жените да отворат свој бизнис, да се вклучат во креирањето на локалните политики за создавање на правични и еднакви можности за сите. Најдоброто и за Тетово е 12, кандидатот за градоначалник Хамдија Елезовиќ и советничката листа предводена од Илија Димитриевски”.
„Ќе продолжат инвестициите во атмосферска канализација, како и реконструкција на улиците во општините, локалните и полски патишта, изградба на велосипедски патеки, и поддршка на инфраструктурата неопходна за развој на алтернативниот туризам. Комуналната инфраструктура ќе остане во фокусот, а општините плански ќе ги зајакнуваат капацитетите на јавните градски претпријатија“, рече Оливер Спасовски, потпретседател на СДСМ на средбата со граѓаните на Зелен рид и Черкезе во Куманово.
Продолжуваме и покрај лошите временски услови со средби со граѓаните во мое Куманово, продолжуваме да градиме современа инфраструктура во секојa општина, во секој град, секое село, затоа што се грижиме за сите, рече тој.