Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Од појдовните 7, сега се преговара за четири позиции

0
By Нова ТВ on February 14, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Достоинството и идентитетот се многу важни во преговорите со Грција, истакна меѓу другото премиерот Зоран Заев, одговорајќи на новинарски прашања при денешната посета на Неготино. Тој рече дека нема да изнесува детали, за, како што нагласи, да не излезе дека се преговара преку медиумите.

– Медијаторот Нимиц го води процесот, тој ги знае во суштина работите кои можат да поминат, кои не можат да поминат кај едната и кај другата страна. Важно е да се гради довербата помеѓу двете страни во функција на решавање на проблемот. Мене ми е драго што се разглобени во суштина сите отворени прашања. Ако тргнеме од некои седум позиции кои беа појдовните точки на разговорите, знам дека веќе е намалено на четири позиции, три се отстранети. Јас верувам дека со политиката на новата Влада многу брзо ќе можат да се отстранат и другите позиции, изјави Заев.

„То вима“: Што содржи пакетот идеи на Нимиц за решение на спорот

Тој потенцира дека Република Македонија сака решение, а Владата, како што наведе, прави буквално се, се обидува да гради внатрешен консензус во државата, во функција на изнаоѓање конечно решение.

– Навистина сме оптимисти за изнаоѓање решение. Секако се испорачуваат одредени пораки од нашиот партнер од грчката страна, за одредени линии и слично,  јас верувам дека треба да изнајдеме решение за добробит на граѓаните на двете земји. Ако бидеме навистина оптимисти во овој процес, ако сакаме навистина искрено да се изнајде решение, тоа е можно, процесот има временски период пред себе. Се надевам дека секој следен чекор ќе не приближува во делот на сите оние ставки кои се отворени, а буквално треба да бидат мост на сплотување и конечно изнаоѓање решение на проблемот со името кој Република Грција го има со нашето уставно име, рече Заев, повикувајќи да му се даде шанса на преговарачкиот процес.

Граѓаните, додаде Заев, знаат кои се македонските ставови во поглед на ова и на другите прашања, но мора да се биде внимателен и да се даде шанса на процесот за постигнување решение.

Во однос на географската одредница, потврди дека е прифатлива опција за македонската страна и потсети дека се споменуват неколку имиња.

– Тоа значи за нас е прифатливо име со географска одредница, односно ги отклонуваме сите други кои беа временска одредница, или некои други укажувања кои беа како предлози, информираше премиерот.

Соопшти дека е охрабрувачки што некои работи се придвижени.

– Веројатно тие беа најлесните, но добро, тоа е сигнал за нас и охрабрување за грчката страна дека е можно да се изнајде решение. Секако, суштинските позиции се многу значајни, името, уставот дали ќе се менува или не, јазикот и други работи кои таму се спомнуваа. Тоа е суштината на самиот преговарачки процес и можноста за изнаоѓање на решение, рече Заев .

Очекува двете страни да бидат прагматични, а евентуалното решение да биде потврдено на референдум.

– Дај Боже да дојдеме до решение да можеме да излеземе на референдум, дециден е Заев.

Нацрт договорот, рече, е еден од алатките, се прават одредени скицирања за можни решенија, влијанија врз двете страни, како тоа би било прифатено од граѓаните на двете страни, од институциите и слично.

– Едно од тие скицирања е и нацрт верзија за меѓународен  договор, спогодба меѓу двете страни, што секако на крајот се надеваме дека треба да биде ратификувана во парламентите. Но не да заборавиме, дека што и да се разговара, на билатерално или на министерско и премиерско ниво, се враќа кај Нимиц, затоа што процесот  е предводен од ОН преку медијаторот и на крајот мора да ги има правно-формалните импликации во ОН, изјави Заев.

Ерга омнес и промена на Уставот

Грчката Влада преку портпаролот Димитрис Ѕанакопулос рече дека останува позицијата за сложено име за внатрешна и надворешна употреба и промена на македонскиот Устав.

– Тоа значи дека не може да биде поинаку од промена на уставното име на соседот и ова, сметаме дека е рамката во која би можело да се најде токму ова заемно прифатливо решение, рече Ѕанакопулос.

Ѕанакопулос на гостувањето во емисија на Првата програма на грчкото државно радио изрази оптимизам дека може да се постигне заемно прифатливо решение.

– По вчерашната средба преговорите продолжуваат врз база на рамката што беше поставена со нашите соседи. Оптимисти сме дека ќе успееме да постигнеме заемно прифатливо решение. Сепак, не сакам во овој момент да предвидам ништо. Работиме во насока да се постигне договор за сложено име што ќе важи за сите и за севкупна употреба, за што предуслов е уставна ревизија кај соседот, особено во однос на уставното име, рече Димитрис Ѕанакопулос за грчкото радио.

Портпаролот на грчката Влада не ги коментира техничките детали од преговорите, особено во однос на тоа дали нацрт спогодбата и е доставена на македонската страна.

Утре средба Димитров- Коѕијас

Грчките медиуми денеска пишуваат за нова можна средба меѓу Никола Димитров и Никос Коѕијас  и тоа во следните два дена во Софија.

Според државната ТВ ЕРТ, средбата треба да се одржи во четврток, додека пак останатите медиуми со доза на резерва објавуваат дека е можно и веројатно двајцата министри за надворешни работи да се сретнат на маргините на неформалниот состанок Гимних во Софија, пренесува МИА.

-Господата Коѕијас и Димитров одново ќе се сретнат, утре, четврток во Софија, на неформалниот совет на МНР од ЕУ со колегите од земјите кандидати за интеграција, објави утринава грчката државна телевизија.

Весникот „Авги“, што важи за гласник на СИРИЗА, пишува дека „се згуснуваат чекорите за решавање на македонското прашање“, а по средбата во Виена веројатно е дека Димитров и Коѕијас одново ќе се сретнат во Софија.

Заев името преговори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.