Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев по средбата со Мицкоски:Опозицијата да им даде шанса на граѓаните

0
By Нова ТВ on June 13, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 13, 2018 16:16

Премиерот Зоран Заев на средбата со Христијан Мицковски на денешната средба му го достави договорот за решение за спорот којшто Република Грција го имаше со Република Македонија, соопшти владината прес служба. 

Во соопштението се наведува дека Заев на кусата средба потенцираше дека како одговорни политичари, во дадениот момент имаме обврска да им овозможиме на граѓаните на Република Македонија да го остварат  деморкатското право и да добијат шанса да го дадат своето мислење во однос на договорот. Овој договор ја гарантира иднината на Македонија како членка на НАТО и ЕУ, истакна премиерот Заев, јасно посочувајќи му на Мицковски дека и тие како опозиција треба да  овозможат фер шанса последниот збор да го кажат граѓаните на референдум.

Заев исто така рекол дека референдумот е консензус меѓу ВМРО ДМПНЕ и СДСМ како најголеми политички субјекти во Македонија со години наназад и во тој контекст сите заедно треба да се заложат граѓаните сами да одлучат за својата иднина и никој нема право да ги спречува  во тоа.

Премиерот Заев, стои во соопштението, ја упатил пораката дека политичките субјекти треба да се обединат околу идејата за реферндум и заради националните приоритети на Република Македонија за членство во НАТО и ЕУ.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ по излегувањето до Владата изјави дека имале куса средба со Заев „зашто темата е исцрпена“.

Тој најави дека Договорот ќе го разгледаат сите партиски тела во ВМРО ДПМНЕ – Извршниот комитет, Централниот, пратеничката група, а ќе се консултирал и со  МПЦ,Исламската верска заедница и со МАНУ и додаде дека „не знае  дали ќе го задржи истото име“.

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски потврди дека пред средбата со премиерот Заев се сретнал со претседателот на државата Иванов.

 

Договор со Грција Заев. Мицкоски средба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.