Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Помали казни и амнестија за оние кои не биле насилници и организатори

0
By Нова ТВ on December 14, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Законот за амнестија ќе се комплетира до крајот на оваа или почетокот на идната недела и со него јасно ќе се разграничи што значи учество во насилство, кревање рака, организација и осмислување упад во Собранието.

Според него, Законот за амнестија ќе испрати порака на помали казни, и амнестија за сите што не учествувале во насилството и не биле организатори.

– Членовите во законот што ќе доведуваат до идно казнување нема да бидат тероризам со над 10 години казни, туку ќе бидат помали почетни казни. Но, казни ќе има. Со законот ќе се испрати пораката, казнувањето мора да постои, но и најважната порака е да нема мешање во правосудството, рече Заев.

Заев напомена дека законот за амнестија предложен од собраниското тело за помирување, е според препораките на меѓународната заедница и со него ќе се испрати јасна порака дека мешање во правосудството нема. Ќе се разграничи што значат политички, а што судски одлуки.

-И со 120 пратенции ако се изгласаат уставните измени, а има какво било влијание во правосудството, тогаш ќе има земји – членки на ЕУ што тоа ќе го користат како аргумент и почетокот на преговорите за Македонија веројатно ќе биде доведен во прашање. Но, тоа Владата нема да дозволи да се случи. Затоа се прави јасна дистинкција што значи одговорност, а што учество во толпа, манипулации на одредени структури, што значи некои луѓе да биле излажани или изманипулирани, рече Заев.

На прашањето дали му простил на Крсто Мукоски што ги отвори вратите на 27 април, Заев одговори дека уште кога отишол во судот како сведок, тоа го нотирал во записникот. Сепак, додаде, судот е тој што носи одлуки. Политички последици од својата одлука очекува, но тоа, повтори, ќе го покаже времето.

-Сега е моментот да постигнеме помирување во државата. Ако Заев бил првиот таргет, нека тргне простувањето од мене. Ако Парламентот бил кулминацијата на нашата поделеност, нека тргне од Парламентот, но конечната цел е да успееме. Мора да успееме да ги помириме граѓаните, да си подадат рака. Отидов и во суд како сведок во записникот нотирав дека сум простил. Но, јас не сум правниот систем во државата. Правосудството ќе ги носи своите одлуки. Тоа што зависи од мене го отворив и на пленум на тој 15 октомври зашто чувствувам дека закрвеноста и поделеноста меѓу македонското ткиво мора да се отстрани. Можеме да коментираме се што сакаме, но некој има и одговорност и обврски. Очекувам и политички последици и тоа времето ќе го покаже. Но, ако ја постигнеме целта, ако се обединиме, верувам дека ќе успееме, рече Заев.

Според него, подавањето рака меѓу Собранието има и тенденција тоа да продолжи и на вертикално ниво, и кај навивачките групи, и во општините и кај подмладоците во партиите.

Законот за амнестија се очекува во понеделник да биде ставен на гласање, откако утре собраниското Координативно тело ќе ја утврди предлог-верзијата.

Завчера Работната група на Телото за помитување во Собранието, го усогласи предлог законот за амнестија за настаните од 27 април 2017. Притоа, како што изјави Зеќир Рамчиловиќ оние кои биле организатори и кои учествувале во обид за убиство нема да бидат амнестирани. Не прецизираше дали ќе се бара преквалификација на делото „терористичко загрозување на уставниот поредок“, но го спомена делото „здружување заради непријателска дејност“.

Вчера, адвокатот на еден од обвинетите Митко Чавков, Сашо Дуковски рече дека треба да се почека со заклучоците за тоа кој се ќе биде опфатен со законот, но истакна дека не се согласува со селективна правда.

 

 

Заев Закон за амнестија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.