Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Пораката од граѓаните е примена – чистка за сите функционери кои изневерија

0
By Нова ТВ on April 22, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 22, 2019 22:14

Премиерот Зоран Заев од трибина во општина Карпош рече дека ја примил пораката од незадоволните граѓани кои вчера одлучија да останат дома. Тој најави чистка на сите функционери кои ги изневериле граѓаните.

„Пораката ја примив и Ви возвраќам – чистка ќе има на сите функционери кои немаат капацитет да му служат на народот. На граѓанинот мора да му се јавите, да му одговорите, да му дадете совет и да му помогнете. Ако не можете денес, ќе кажете кога можете да му ја завршите работа. Пораката е примена, но немојте да ја казнувате државата поради слабости на централната и на локалната власт“, кажа Заев.

И претседателскиот кандидат Стево Пендаровски им се обрати на граѓаните кои не гласаа во првиот круг и им порача дека ова се избори во кои се нудат два различни концепти од кои еден е интеграциски а другиот ја урива внатрешната кохезија, не ги третира сите заедници подеднакво и ја одалечува земјата од ЕУ и од НАТО.

„Последната шанса е 5 мај, кога треба да гласаме не за Стево, туку за потврда на една политичка филозофија која ја води земјата напред. Да не се разбудиме на шести, изненадени дека се вратил „груевизмот“, рече Пендаровски.

На трибината зборуваше и потпретседателот на СДСМ, Радмила Шеќеринска која исто како и Заев им порача на граѓаните дека СДСМ ќе ги коригира грешките кои го предизвикуваат нивното незадоволство.

„Ја чувме пораката на тие што останаа дома, чувме дека имаат повисоки очекувања, дека тоа што е сработено не е доволно, дека сакаат да видат решенија не само за големите државни прашања, туку и за овој плочник, за секое училиште, за секое министерство, здравствен дом, за секој шалтер. И ние сакавме да бидеме побрзи и поефикасни, но размислите  со кого се требаше да седнеме на маса и да разговараме а не сакаваме ниту да ги погледнеме, од кого се требаше да побараме глас, зашто тој глас беше потребен за државата.  Покажавме дека не сме себични, туку не водеше идејата да ја поведеме земјата на вистинскиот пат и затоа не е апсолутно сеедно кој ќе победи на 5 мај, туку треба да го завршиме, тоа што го започнавме.

Шеќеринска се осврна и на обвинувањата од Силјановска кон Пендаровски.

„Противкандидатката го обвини Стево дека бил продукт на  транзицијата и внимавајте, обвинува министер кој сам си делел фришопови. Замислете, Силјаноска зборува за правда и дека ќе стави крај на криминалот седната во златната фотеља во Белата палата“ кажа Шеќеринска.

 

 

Заев избори за претседател Пендаровски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.