Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Прогресивниот данок ќе придонесе за праведно општество

0
By Нова ТВ on November 6, 2018 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 6, 2018 13:29

Премиерот Зоран Заев вели дека даночната реформа со воведувањето на прогресивниот данок е со цел враќање на средната класа, објаснувајќи дека како левичарска Влада, доминантно социјалдемократска, логично и фер е оние што имаат повисоки приходи, што имаат повеќе да платат повеќе, а тие што имаат помалку преку институциите да добијат повеќе.

Според Заев, прогресивното оданочување ќе опфати само еден процент од активното работно население. Станува збор за околу 9.000 граѓани, кои треба да платат 8 проценти за персонален данок. Процентот ќе се пресметува од разликата меѓу прагот од 90.000 денари и вкупниот приход. На пример, ако лицето има месечен приход од 100.000 денари, ќе треба за 10.000 денари да плати плус 8 отсто данок на државата, или вкупно 800 денари.

-Мојот приход не е толку голем, јас земам 87.000 денари, тоа е платата на премиерот. Зборуваме за приход над премиерската и над претседателската плата. Треба да имаме мотивирани медицински сестри, мотивирани специјалисти и лекари, треба да продолжиме да ги спроведуваме реформите. Верувам дека сите длабоко во душата знаеме дека ќе биде ова наше општество ќе биде поквалитетно ако бидеме солидарни, а солидарноста ја прават тие кои добваат повеќе, кои имаат бизниси, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање.

Според него со оваа даночна реформа ќе се акумулираат 25 милиони евра годишно во буџетот на државата. Тие средства потоа ќе се пренаменат за зголемување на социјалната помош и други мерки за средната класа.

Информатичарите, градежниците и други професии нема да бидат засегнати од даночните промени, бидејќи, како што рече Заев, тие немаат приходи над 90.000 денари.

– Оваа мерка е добра, фер и праведна. Бизнисмените реагираат, но што да кажат сиромашните граѓани, како тие да реагираат за нивната држава да најде механизми дополнително да им помогне. Верувајте дека се ќе врати кај бизнисот. Ако ја зголемиме платата на крајот на денот ја зголемуваме пторошувачката моќ, а тоа се канализира најмногу кај домашните продукти. Тоа е врзан систем – додаде премиерот и најави дека со ова ставката за социјална помош ќе се зголеми за 36 милиони евра.

Вицепремиерот, Кочо Анѓушев, вели дека иако е еден од оние кои ќе бидат засегнати од прогресивното оданочување, сепак ја поддржува мерката.

-Со оваа мерка не се задава удар на индустрија, другите даноци остануваат исти, зборуваме само за персонален данок, за праведно даночење. Јас сум еден од тие кои ќе подлежат на тоа, мислам дека е правично оние кои имаме поголеми приходи да помогнеме да се изгради пофер општество. Што се однесува до прагот, не е мој, на никого не е, тоа е праг на владата, одлучено е тоа да биде тоа праведниот праг и јас се согласувам со тој праг. На тој начин се заштитува интересот на младата интелектуална класа која сакаме да остане во државата, сакаме да ја гради оваа држава. Тоа се млади специјалисти, инжинери, информатичари, тие се изземени, во оваа мерка влегуваат само 1 отсто од граѓаните кои имаат најголеми лични приходи. Во нив спаѓам и јас, треба да се солидаризираме, рече Анѓушев.

Анѓушев Заев Прогресивен данок
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.