Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека се уште немал телефонски разговор со неговиот грчки колега Алексис Ципрас во врска со евентуалниот договор за прашањето за името.
„Во тек се разговори на работните групи околу одредени технички детали“, рече Заев, кој присуствуваше на почетокот на градежните работи за изградба на експресен пат Радовиш – Штип.
Засега, како што посочи, не сака да ги коментира информациите што ги пласираат грчките медиуми во однос на предлогот Република Северна Македонија.