Премиерот Зоран Заев заедно со народниот правобранител Иџет Мемети и извршниот директор на Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија Уранија Пировска во својство на Национален превентивен механизам денеска ќе го посетат Казнено-поправниот дом „Идризово“.

Посетата, како што информираат од Омбутсманот, е резултат на барањето на Националниот превентивен механизам, во чии извештаи со години наназад се алармира за катастрофално лошите услови од секаков аспект во затворите.

Овој затвор, е предмет на критика долг период поради нехуманите услови во кои се држат затворениците односно пренатрупаноста, нехигиената, лошата исхрана итн.