Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев:Свесни сме дека платите на наставниците се мали, но толкави се капацитетите на државата

0
By Нова ТВ on October 25, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, October 25, 2019 16:01

Свесни сме дека платите во образованието се мали, но толкави се капацитетите на државата – изјави премиерот Зоран Заев, по најавите од Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) дека на 11 ноември ќе штрајкуваат и дека не го прифаќаат најавеното зголемување на платите од 10 отсто во април следната година.

„Јас ги почитувам работничките права. Правиме максимални напори, ако се откажат од тие 10 отсто, а тешко ги наоѓаме парите, ќе видиме што ќе направиме. Свесни сме дека се ниски платите во образованието, но капацитетите на државата се тие. Двапати веќе ги зголемивме платите во образованието од по 5 отсто и зборуваме од 1 април за ново покачување од 10 отсто“- рече Заев.

Тој испрати порака на разбирање до СОНК

-Сакам да испратам порака на разбирање, заради тоа што навистина ние сме свесни дека се ниски платите во образовниот процес. Правиме паралели и со соседството, но дефинитивно  капацитетите на државата се токму тие. Апелирам до СОНК и сите синдикати за разумност во преговорите и за изнаоѓање решение. Ќе го мотивирам министерот да продолжи да разговара. Тој е пријател со СОНК, затоа што таму се нашите учотели, наставници, професори…верувам дека ќе се наде заемо прифатливо решение, рече Заев.

Тој апелира до СОНК на разумност и разбирање.

„Апелирам до СОНК за разумност. Верувам дека ќе изнајдеме заемно прифатливо решение – порача Заев.

Советот на СОНК денеска едногласно донесе одлука дека не го прифаќа предлогот на МОН и Владата за зголемување на платите во дејноста образование и наука за 10 отсто, почнувајќи од април 2020 година.

Претседателот на СОНК Јаким Неделков на денешната прес-конференција рече дека своите интереси ќе ги бранат со штрајк што ќе се одржи на  11 ноември кога нема да има настава во основните, средните и високообразовните институции.

СОНК најави штрајк за 11 ноември-не прифаќа покачување на платите од 10 отсто

Наставниците штрајкуваа на првиот ден од учебната година незадоволни од покачувањето на платите за 5 проценти. По разговорите со министерот за образование беше договорено платите да се покачат за 10 проценти.

 

Заев синдикат образование плати
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.