Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев – Тајани: Реформите во Македонија даваат видливи резултати

0
By Нова ТВ on December 6, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Зоран Заев, на денешната средба во Брисел со претседателот на Европскиот Парламент Антонио Тајани искажа задоволството од континуирана поддршка за Република Македонија и за политиката за проширување што ја застапува мнозинството во Европскиот парламент, што постојано се демонстрира преку различни извештаи, изјави и активности од страна на европарламентарците и политичките групи.

– Европскиот парламент беше првата институција на ЕУ која дејствуваше и понуди услуги за медијација кога во Македонија настапи политичката криза, и продолжува да биде еден од најсигурните партнери на Владата на Република Македонија, во интерес на земјата, рече премиерот Заев, додавајќи дека во таа насока очекува да биде дочекана и најновата иницијатива на еден од европските пратеници, т.н. иницијатива Жан Моне.

Како што соопшти владината прес-служба, Заев го запозна Тајани со главната цел на Владата – да се направи се 2018 година да биде година на успех за Македонија, со донесување одлука за започнување на преговорите за пристап.

– Нашиот пристап во политиката, и во домашната, и во меѓународната, делува без скриени агенди и искрено ги решава сите прашања, без разлика колку се тие лесни или тешки. Драго ни е што нашата амбиција и подготвеност за вистински чекори во процесот на пристапување во ЕУ се совпаѓаат со обновениот импулс и интерес за проширување во ЕУ, истакна премиерот Заев на средбата со претседателот на Европскиот Парламент.

На средбата премиерот Заев нагласи дека „сега е време да се искористат овие напори и во првата половина на 2018 година, Советот на ЕУ да усвои одлука за почеток на пристапните преговори, за која се очекува да пристигне од страна на Европската Комисија“.

Од страна на Владата на РМ, нагласи Заев, постои јасна и неспорна посветеност и енергија за да се испорачаат резултати.

– Испораките на вистинските резуллати од реформите како наш аргумент, се нашиот билет, без кој не можеме да побараме да очекуваме одлука за започнување на преговорите за пристап. Вложуваме напори за повторно воспоставување на Македонија како кредибилен партнер на своите меѓународни пријатели, истакна премиерот Заев на оваа средба.

Претседателот на ЕП Тајани искажа честитки за роформскиот процес што го отвори Република Македонија, и особено што, се наведува, тој веќе дава видливи резултатите.

Во негово, и во име на ЕП Тајани изрази очекување дека во новата стратегија за проширување на ЕУ, што се очекува да биде објавена наскоро, ќе биде испратена јасна порака дека Република Македонија, и другите земји од Западен Балкан се во приоритетите на таа стратегија.

– Претседателот на ЕП Антонио Тајани ја искажа отворената поддршка на оваа институција за Република Македонија, најави интензивирање на соработката со Собранието на РМ, како и поддршка во мотивацијата на инвеститорите од ЕУ да посветат внимание на можностите за бизнис во Република Македонија, се наведува во соопштението.

На средбата, на премиерот Заев со првиот човек на ЕП Тајани, која се оствари веднаш по Молитвениот појадок во Европскиот Парламент, присуствуваа и членовите на владината делегација, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и Никола Димитров, министер за надворешни работи.

Брисел Заев средба Тајани
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.