Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: В недела гласате за вашата иднина и за иднината на нашата земја

0
By Нова ТВ on September 27, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во недела ќе се соочите со историска одлука. Треба да направите избор. Запаметете, тоа не е избор меѓу две политички партии. Тоа е избор за вашата иднина, за иднината на вашите деца. Тоа е избор за иднината на нашата сакана Македонија, порача премиерот Зоран Заев во завршното видео обраќање до граѓаните, пред одржувањето на референдумот в недела.  

-Овој споменик, Македониум, нè потсетува дека македонскиот народ секогаш го правел вистинскиот избор: Во 1903 година за време на Илинденското востание. Во 1941 година во Народно-ослободителната борба кога застана рамо до рамо до прогресивна Европа против фашизмот.

На 8 септември во 1991 година, со глас на референдумот донесовме одлука за слободна, независна и суверена Република Македонија. Од тогаш наваму, не се остварија сите наши стремежи, нашиот сон за европска Македонија и земја членка на НАТО.

Но денес, остварувањето на тој сон, на тој наш стремеж, е блиску. На 30 септември, секој од нас треба да стави тула во изградбата на подобра македонска иднина – да помогнеме да станеме земја членка на најмоќниот безбедносен сојуз – НАТО, и рамноправна земја во најсилната економска заедница во светот – Европската Унија.

Вие, граѓаните го имате клучот да ја направите нашата држава членка на европското семејство.

Знам, треба да направиме отстапка и да прифатиме географска одредница кон името Македонија, но нашиот идентитет никој повеќе нема и не може да го порекне.

Гордата македонска земја се здоби со целосно признавање на нашиот македонски народ, нашиот јазик, нашето наследство. Нашиот македонски јазик е заштитен. Нашиот македонски идентитет е обезбеден засекогаш.

Химната, знамето остануваат исти и заштитени. Ние сме Македонци и секогаш ќе бидеме Македонци!

Затоа јас ќе гласам. За доброто на нашите деца. За мирна и безбедна земја, во која Македонците, Албанците, Турците, Србите, Ромите, Бошњаците, Власите и сите наши етнички заедници живеат добар и просперитетен живот.

Во недела гласајте и вие. Вашиот глас ќе ја одреди насоката по која ќе тргне Македонија. Одлучуваат тие кои ќе гласаат. Ако огромното мнозинство гласови бидат ЗА, ние трајно го трасираме нашиот пат кон НАТО и ЕУ.

Демократијата и правото на глас се наша највисока вредност. Во тоа име, наша граѓанска одговорност е да одиме на гласање.

Во недела, вашиот глас ќе ја одреди вашата иднина и иднината на нашата земја. Сега е време за одлука. Ајде да бидеме единствени како што направивме пред 27 години.

Ајде да ја придвижиме нашата земја кон светла иднина. Заедно за европска Македонија.

 

завршно обраќање Заев референдум
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.