Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев верува во национален консензус за прашањето со името

0
By Нова ТВ on January 29, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 29, 2018 12:25

Верувам дека можеме да најдеме национален консензус во функција на решавање на проблемот со името, а не во функција на негово блокирање или повтoрно одложување. Сега е вистински момент да се реши ова прашање, порача денеска прмерот Зоран Заев, пред најавената посета на медијаторот Метју Нимиц в среда.

– Во саботата имавме информативен состанок на кој ги споделивме сите можни информации што ги имамe јас и министерот за надворешни работи кои дојдоа од преговарачот за името Васко Наумовски. Изградивме стратегија, а јас презентирав како во иднина ќе настапиме, изјави Заев во одговор на прашање по завршувањето на рочиштето за „Поткуп“ и нагласи дека ставовите на ВМРО-ДПМНЕ се општо познати.

Дебатата, потенцира,  е отворена, а за вакви прашања и треба да биде отворена.

– Сите треба да знаеме дека можеме да го решиме проблемот, но може и да не се реши. После тоа сонцето повторно ќе изгрее, но дали ќе не грее и дали нашите деца ќе продолжи да ги грее некаде по белиот свет e одлука на политичарите. Секако власта ја има најголемата одговорност, но убеден сум дека и претседателот на државата и опозицијата и сите политички чинители во општеството ќе бидат мудри да изнајдеме решение кое ќе го сочува достоинството и дигнитетот на нашиот народ и на нашата земја, рече Заев.

Важно е, потенцира, да внимаваме и на грчката страна, бидејќи можеби решението ќе биде прифатливо за нас, а нема да помине во Грција или обратно, може ќе биде  прфатливо за грчката,стрна, а нема да помине тука.

Премиерот потврди дека СДСМ останува на одлуката доколку се најде решение за прашањето за името народот да се изјасни на референдум.

– Ставот на СДСМ е да се изнајде  решение заедно со опозицијата и на крајот конечното решение  да биде потврдено на референдум. Тоа не е толку страшно, трагично или невозможно. Референдумот се организира согласно законите во брза постапка и ако застанем сите, пред се политичарите и да ги соопштиме своите ставови ќе му помогнеме на народот да излезе и да го каже својот став. Ова е пресуштествено прашање, но  на него не гледам како на кочница  или бариера, туку како дополнителна гаранција за Република  Грција дека решението ќе биде трајно, конзистентно и останува за век и векови, рече Заев.

На Нимиц, како што кажа, ќе му ги пренесат сите ставови со сите аргументации и додаде дека во тие ставови има грижа и за грчката страна, бидејќи, потенцира, цел ни е тоа да помине и во Грција.

– Верувам дека таква е и целта на Грција, барем така беше презентирано пред мене од премиерот Ципрас дека истовремено му е многу важно тоа што е решение да помине и во Македонија, на тој начин и може да се најде решение, потенцира Заев.

Со креавање на проблемот за името, посочи, ќе добиеме датум за почеток на преговори со ЕУ, членство во НАТО, но и живот, бидејќи НАТО и ЕУ носат инвестиции и економски позитивни апспекти  за граѓаните.

– Се надевам со мудра постапка дека ќе изнајдеме решение на овој долгогодишен проблем, посочи Заев. Се надевам дека сите ќе бидеме фокусирани пред се за интересот на граѓаните и за Република Македонија, посочи премиерот Зоран Заев.

Заев името консензус координација Нимиц
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.