Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Во Куманово ќе победи тој што триесет години победувал, а тоа е СДСМ

0
By НОВА ТВ on September 2, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 2, 2021 11:51

Максим тргна против Максим – вака претседателот на СДСМ, Зоран Заев ја искоментира одлуката на актулениот кумановски градоначалник Димитриевски да настапи како независен кандидат на претстојните локални избори. Неодамна генералниот секретар на партијата, Љупчо Николовски најави дека Максим Димитриевски ќе биде исклучен од партијата, а денеска Заев дополни дека ваквото решение на партијата треба да биде потврдено на седница на Централниот одбор на СДСМ.

-Статутот не е од сега направен. Однапред се познати правилата. Статусот е јасно достапен, претпоследниот е изменет со Етички кодекс каде се даваат сите права и слободи, но и одговорности. СДСМ е исклучително демократска партија, која своите одлуки не ги носи врз основа на ставови на поединци. Таму е јасно дека ако се спротивставите на СДСМ, не можете да бидете член на СДСМ. Инаку може да се изразува незадоволство и спротивставени ставови, дури и ако тие не се согласуваат со оние на највисокото раководство, рече Заев.

Максим Димитриевски вчера изрази незадоволство од најавата дека ќе биде исклучен од партијата, велејќи дека таквата одлука е нелегитимна.

-Длабоко сум разочаран и искрено жалам за таквата, би рекол шверцерска, полноќна одлука на поединци на раководството на мое СДСМ. Дури ни таквата одлука не е легитимна, затоа што не е согласно статутот на СДСМ. Одлуката за исклучување се носи на седница на Извршниот одбор, па потоа на седница на Централниот одбор на партијата. Моите информации велат дека такви седници не се одржале, соопшти вчера Димитриевски.

Откако Димитриевски најави дека ќе собира потписи за независна кандидатура, од Бихаќка нагласија дека тој и свртел грб на партијата и порачаа дека Куманово ќе остане бастион на СДСМ.

-Во Куманово ќе победи тој кој триесет години по ред победувал, а тоа е Социјалдемократскиот сојуз. Не доминирала никогаш личноста, туку социјалдемократијата била водечка нишка. Оливер Илиевски е секретар на СДСМ Куманово и имаме шанса уште во првиот круг да ја однесеме победата, кажа Заев одговорајќи на новинарски прашања.

Зоран Заев Куманово СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.