Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Во разговорите од ПИ-мерките за „Поткуп“ нема никави докази

2
By Нова ТВ on April 12, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 12, 2018 16:28

Премиерот Зоран Заев по завршувањето на денешното рочиште за случајот „Поткуп“ изјави дека во разговорите од Посебните истражни мерки (ПИМ) што се преслушуваа на рочиштето, без присуство на јавноста, немало „апсолутно никакви докази“ против него.

Тој рече дека со разгледување на разговорите од ПИ-мерките ќе се продолжи в понеделник и оти тоа ќе трае се додека не се преслушаат сите, по што ќе се продолжи со останатата доказна постапка.

„Тоа се редовни комуникации на тогашен градоначалник со осомниченото лице и сите други лица, како што се директори на институции, граѓани кои се јавуваат кај тогашниот градоначалник Заев. Продолжуваме во тој дел. Апсолутно ниту обвинителството алудираше на разговорите, алудираше на сведокот. Јас очекувам да привршува овој предмет и секако судската пресуда конечно ќе ја почитуваме каква и да биде, рече Заев.

На новинарско прашања дали дознал колку време бил следен, Заев рече дека бил следен нешто повеќе од две години. Тој додаде дека, согласно закон ако се работи дури за тероризам или загрозување на уставниот дел на државата, стабилноста и суверенитетот следењето може да биде најмногу до една година и три месеци. Но, како што дополни, тоа го остава на правосудните истанци да одлучуваат во делот на следењето.

„Јас немам ништо што ме плаши во делот на разговорите и апсолутно немам никаква дилема. Нека се слушаат сите разговори, важно ми е правно формалната постапка да биде следена пред се од моите адвокати за да може секако да ги добијам сите загарантирани права согласно Устав и закон. Органите како што е Јавното обвинителство и Судот да си ги носат одлуките исто така согласно закон“ посочи Заев.

Премиерот Заев рече дека ги нема изброено сите разговори, но додаде оти знае дека се работи за преку 10 илјади разговори, дел се со ПИ-мерки, а дел се без ПИ мерки.

докази Зоран Заев ПИ мерки поткуп разговори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.