Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Во Штип носиме гасификација и ја обновуваме главната водоводна мрежа

0
By НОВА ТВ on October 7, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

СДСМ и Коалицијата вечерва карванот „Најдоброто за мојата општина“ го одржа меѓу граѓаните на Штип, Радовиш и Неготино.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев од Штип кажа дека дел од клучните проекти за градот се обнова на главната водоводна дистрибутивна мрежа, гасификација, и обиколница „Запад“. Тој кажа дека имаат проекти кои го унапредуваат квалитетот на живот и европските стандарди ги носат дома, во нашата држава, во нашите општини. Заев кажа дека гасификацијата на општините ќе придонесе за заштита на природата и поевтин енергенс за сите и најави дека во Штип следува изградба на секундарна гасификациска мрежа.

– Изминатите четири години ги потрошивме за обезбедување потребна документација за непречен почеток на градежните работи за секундарната. Во првата фаза, почнувајќи од разводната клучка кај населбата Три Чешми, ќе започнеме со изградба на секундарна гасификациска мрежа, донесувајки го овој енергенс до постојната индустриската развојна зона (за странски претпријатија) и за идната развојна зона (наменета исклучиво за домашни претпријатија), до кампусите од Универзитетот „Гоце Делчев“, градинките, основните и средните училишта, како и до Клиничката болница. По завршувањето на првата фаза и по спроведувањето анкета за заинтересираност кај домаќинствата, ќе се пристапи кон план за изведба на дистрибутивна мрежа и за нив, порача Заев.

Кандидатот на СДСМ и Коалицијата за градоначалник на општина Штип, докторот Сашко Николов вечерва во обраќањето пред своите сограѓани најави завршување на проектите, како браната на реката Отиња, која ќе биде завршена предвреме, комплетирање на затворениот базен во Блок 77 и трибините на градскиот стадион, од кои трибината „Исток“ ќе биде изградена од страна на Општина Штип. А, за проблемот со водата во општината Штип, Николов наведе дека четири години се работи да се донесе чиста питка планиска вода од хидросистемот Злетовица и сега наместо 240 литри има 300 литри во секунда, а сите главни дистрибутивни цевки, од азбест-цементни цевки фазно ќе бидат заменети, со што трајно се отстранува опасноста по здравјето на граѓаните. Николов направи споредба меѓу, како што рече, дивеењето на ВМРО-ДПМНЕ и водењето на општина Штип од страна на СДСМ.

– Од се што кажаа најмногу ме плаши „ние ќе се договараме“ и од овде му порачувам на Иван Јорданов дека времето на договарање, правење зделки, крадење на парите на граѓаните заврши, и нема да дозволиме тоа да се врати, сега важат законите, ние ги почитуваме законите, нагласи Николов.

На партиската трибина во Штип се обрати и поранешниот градоначалник на општината, Благој Бочварски кој сега е член на Владата. Претседателот на Комисијата за транспорт на СДСМ, Бочварски рече дека СДСМ покажал како треба да се работи за граѓаните.

– Во целиот период претседателот Зоран Заев даваше максимална поддршка за сите проекти за Штип. Осумте години на локална власт на ВМРО-ДПМНЕ тие ветуваа затворен базен, но не изградија, ветуваа стадион, но не го изградија, ветија пет платформи над Отиња, но ниту една не изградија. Сепак, направија триаголно игралиште за баскет, веројатно единствено во Европа, кажа Бочварски.

Кандидатот за градоначалник на Радовиш, Коле Чакарлиев најави гасификација на градот како еден од планираните проекти во неговата програма. А, покрај реализираните проекти со поддршка на централната власт во изминатите четири години, тој најави и нови проекти, меѓу кои и  модерен, современ затворен градски пазар во Радовиш и нов објект во состав на детската градинка „Ацо Караманов“.

– Сонот за модерен, мултифункционален културен центар нема да биде повеке сон туку реализаран проект во кој своето место ке го најдат повеке културни здруженија, младинци организрани во различни секции, аматерски сценски изведби, фолклорни ансамбли и млади талентирани ентузијасти, рече Чакарлиев.

Заменик – претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска од Неготино порача дека СДСМ има решенија за подобра живеачка за сите, а после 39 години во Неготино има нова детска градинка, првата зграда за социјално домување…

– Со поддршка на Владата исправивме повеќедецениска неправда. После 39 години Неготино има нова детска градинка, не само во Неготино, изградивме шеесет нови детски градинки во државата. Така се грижиме за децата, така го чуваме стандардот на семејствата, така се бориме за родова рамноправност, така градиме Едно општество за сите, со конкретни дела, Лукаревска.

Таа, ги повика неготинчани да го поддржат кандидатот за градоначалник на СДСМ и Коалиијата, Тони Делков, кој вети новини за градот.

– Комплетно уредување на просторот околу спомен обележјето Саат кула. Договорот за проект е потпишан, се финансира со средства од ЕУ, преку програмата за прекугранична соработка со Грција. Предвидено е уредување на површина од 2.517 м2 со хорт и култура, пешачки патеки, поставување на урбана опрема на целата површина, како и паркинг простор. За младите и за останатите генерации планираме изградба на туристички комплекс на локалитетот Тимјаничка Цуцка. Овде се планира поставување на урбана опрема, со цел локацијата да биде опремена како туристички објект, како и поврзување на градот преку изградба на пешачки и велосипедски патеки. Се планираат и партнерно уредување и поставување урбана опрема и на местото викано Солена Вода, кое е посетено на бројни жители на Општината и пошироко. Планираме реконструкција на тротоари и велосипедски патеки во должина од 1.650 метри, на делницата од регионалниот пат на влезот во Неготино, вети Делков.

избори кампања СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.