Јанчев денеска не е со нас, бидејќи не е поканет, изјави премиерот Заев кој беше во ,,инспекција“ на работните активности поврзани со реконструкција на патот Кавадарци – Дреново, а прашан зошто на последните две активности на владата во кавадаречкиот регион не бил присутен и градоначалникот Митко Јанчев. И да не му наштетиме во неговата кандидатура за градоначалник, бидејќи тоа е во тек овој период.
– Јанчев учествува во многу проекти што Владата ги спроведува во овој регион како што соработка на овој план имаме и со градоначланиците на Илинден и на Сопиште, кои што се од редовите на ВМРО ДПМНЕ, рече Заев.
Јанчев пред два дена најави дека ќе се кандидира за втор градоначалнички мандат на Кавадарци и дека ги надминал недоразбирањата со претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски.