Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев за „Ефимерида“: Членството во НАТО ќе донесе мир и гаранции за мир на Балканот

0
By Нова ТВ on January 4, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 4, 2019 13:06

Премиерот Заев во интервју за  грчкиот весник „Ефимерида тон синдактон“, се надева дека решението меѓу Македонија и Грција ќе добие зелено светло од пратениците и во двете земји но потврдува и дека  е  загрижен, јави дописничката на МИА од Атина.

-Да, загрижен сум, како што сум загрижен и за нашето Собрание, бидејќи, на крајот, гласаат пратениците. Јас и мојот добар пријател Алексис донесовме одлуки и го презедовме целиот политички ризик бидејќи веруваме дека ова е правилната одлука за иднината на нашите татковини, вели Заев и потенцира дека според официјалните статистички податоци, во последните 10 месеци трговијата меѓу двете земји се зголемила за 18.7 отсто.

Во однос на процесот кај нас, вели дека во овој момент не знае колку пратеници ќе гласаат „за“, но верува дека ќе бидат над 80. Објаснува дека во тек е процесот на поднесување на амандмани за уставните амандмани.

За реакциите од опозициите и во Македонија и во Грција, Заев коментира дека тие се идентични.

-Исти критики. Како да се браќа близнаци. Она што го знам е дека нашата опозиција посакува да помине договорот за да нѐ критикува. Го почитувам господинот Мицотакис, како и секој грчки политичар. Зошто да не му даде шанса на договорот, поддржувајќи го? Сепак, можеби ќе го поддржи барањето за наше членство во НАТО, зошто да не? Секако оние кои што на крајот одлучуваат се граѓаните и вреди да даваме можност за решенија, објаснува македонскиот премиер и додава дека искуството од минатото покажало дека отсуството на договор не донело ништо позитивно, а политиката од минатото нанела штета и врз двете земји.

Прашан за руските реакции, македонскиот премиер вели дека ние сме мала, но пријателска земја која што сака да ги зајакне односите и со Русија, но објаснува дека над 80 отсто од граѓаните се за евро-атлантска интеграција. Смета дека членството во НАТО ќе донесе мир и гаранции за мир на Балканот.

-Ние сме мирна и пријателска земја. Сакаме преку нашето членство во НАТО да донесеме мир. Сакаме овој мир да го шириме за нашата земја, за целиот регион, учествувајќи во мировни мисии во целиот свет за борба против тероризмот, радикализмот и екстремизмот, вели Заев.

Заев вели дека нема да биде кандидат за претседател и додава дека  „следниот претседател треба да ги претставува сите граѓани, бидејќи сегашниот, со целата почит, еден демократски политичар не ги исполни очекувањата во целост.

 

Заев Ципрас
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 29, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

ВЕСТИ July 29, 2026

Претседателот на Собранието при утврдување на дневниот ред на седницата не го предложи законот за…

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026

Стоп за законска перална за пари: Граѓанската платформа за борба против корупција реагира на Предлог-Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“

July 29, 2026

Москва: Русија издаде меѓународна потерница за основачот на Телеграм Павел Дуров

July 29, 2026
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.