-Испраќам порака за мобилизација, бидејќи се борев против режим, се борев на дипломатските маси, носев храбри одлуки и потребна е поддршка од граѓаните, нагласи претседателот на СДСМ, Зоран Заев во гостувањето на Сител телевизија.
Тој изрази надеж и дека до крајот на годината ќе се одржи и првата меѓувладина конференција, па оттаму не треба да има општини кои шират национализам.
-Имате политики кои ќе ве скараат со соседите и тоа не придонесува за интеграциите. Со Влада предводена од мене, во која верувам дека ќе имаме неколку пратеници повеќе и граѓаните тоа го насетуваат, не можете да бидете локомотива и да бидете лидер ако се случи да имате спротивставени локални власти.
Тоа е невозможно и затоа ги повикувам граѓаните да излезат, но седејќи дома помогаат режимот да се врати, кажа Заев. Тој уверува дека без оглед на резултатите и без разлика дали тој ќе биде на чело, Владата ќе биде предводена од СДСМ со коалициските партнери и со стабилно мнозинство, рече премиерот Заев во гостувањето во централниот Дневник на Сител телевизија.