Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Заканите за Договорот од Преспа се закани и за иднината на земјата

0
By Нова ТВ on January 3, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Заканите на лидерот на опозицијата дека со двотретинско мнозинство во Собранието ќе го укине Договорот од Преспа значат укинување на нашето членство во НАТО и запирање на процесот за добивање старт на преговорите со ЕУ. Тоа е спротивно на стратешките интереси на нашата земја и крај на целиот прогрес што го оствари Северна Македонија во овие изминати две и пол години, истакна премиерот, Зоран Заев во интервју за порталот „Слободна ТВ“.

„Стравувам дека Мицкоски реално ќе го направи тоа, затоа што има разлика меѓу него и Мицотакис. Мицотакис знаеше дека договорите мора да се почитуваат и спроведуваат, Мицкоски не го вели тоа. Наивно, па дури и глупаво, е да се враќаме назад. Затоа јас велам дека нема да дозволиме да се врати режимот, зашто ништо не покажува дека е изменето нешто кај опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ. Ние сме тука јасно и гласно да укажеме дека тоа се штетни политики кои ќе донесат сериозни последици за земјата“, рече Заев.

Тој додаде дека очекува големо мнозинство од граѓаните да ги препознае штетните политики на опозицијата и да го даде гласот за продолжување на политиките и  насоката која не води кон иднината. Со најавите, нагласува Зеав, за брзо формирање на владата во Шпанија е блиску и конечната завршница на ратификацијата на Протоколот за членство на земјата во НАТО и дека останува убеден дека иницијативата за забрзување на соработката на земјите членки на Западен Балкан е чекор напред кој ќе го скуси процесот за членството во ЕУ бидејќи голем дел од обврските што не очекуваат за време на преговорите, ќе бидат решени низ овој процес.

Заев потврди дека ја потпишал оставката и оти денеска Собранието на седница само ќе ја констатира. Бидејќи за оставката не се дискутира, по што ќе се оди на избор на техничката влада, 100 дена пред вонредните парламентарни избори на 12 април. Тој очекува целиот процес да оди без никакви проблеми. Техничката влада е според таканаречниот „Пржински модел“ кој прв пат е применет за изборите во 2016 година.

Претходно владејачката партија СДСМ го прифати предлогот на опозициската ВМРО ДПМНЕ поранешниот директор на Агенцијата за разузнавање Наќе Чулев да биде технички министер за внатрешни работи. Шефот на државата Стево Пендаровски треба мандатот за формирање техничка влада да му даде на министерот за внатрешни работи Оливер Сапсовски по што Собранието до полноќ треба да го потврди новиот кабинет во кој опозицијата има две министерски места и тројца заменици министри.

Влада Заев Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.