Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Загинатите во „Бучим“ биле искусни планинари и повеќепати досега ги чистеле силосите на рудникот

0
By НОВА ТВ Balaban on October 13, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 13, 2021 16:52

Пациентот е донесен со возило на Брза помош од рудникот Бучим во Клиничката болница во Штип и бил веднаш повикан дежурен анестезиолог кој констатирал дека пациентот е починат, изјави Марина Шуманска, портпарол на штипската Клиничка болница.

Се уште трае увидот по несреќата во рудникот „Бучим“ во Радовиш, во кој денеска загинаа двајца радовишани, членови на Алпинистичкиот клуб „Плоча“. На двајцата, кои биле искусни планинари, како што ни потврдија во клубот, ова не им бил прв ваков ангажман – чистење високо недостапни силоси, но како се случила оваа трагедија се очекува да открие истрагата.

Како што за НоваТВ изјавуваат од Клиничката болница во Штип, таму, за жал,   само ја констатирале смртта на едниот од загинатите.

– Пациентот е донесен со возило на Брза помош од рудникот Бучим во Клиничката болница во Штип и бил веднаш повикан дежурен анестезиолог кој констатирал дека пациентот е починат, изјави Марина Шуманска, портпарол на штипската Клиничка болница.

И вториот радовишанец им подлегнал на повредите на пат кон радовишката болница.

Повеќе детали за оваа несреќа се најавуваат за подоцна, велат од МВР.

Како што претходно веќе објавивме, во официјалната изјава на рудникот „Бучим” стои дека во работната единица флотација се случил несреќен случај, при што две лица се починати.

– Починатите лица се подизведувачи од Алпинистички клуб „Плоча“-Радовиш, ангажирани за извршување работни задачи-чистење на високо недостапни силоси. На местото на несреќата медицинскиот персонал на „Бучим“ веднаш ги презеде сите неопходни мерки за укажување на прва помош и настраданите лица се упатени кон ЈЗУ Здравствен Дом – Радовиш и ЈЗУ Клиничка болница – Штип, каде што е констатирана смрт, информираат од рудникот.

(Љ.Б.)

несреќа рудникот „Бучим“
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.