Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Загреб на четврто место во Европа според потрошувачката на канабис, a на 11-то по кокаин

0
By НОВА ТВ Balaban on March 23, 2022 РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дневната потрошувачка на кокаин во Загреб е 548,62 mg на 1.000 жители, што го позиционира на 11-то место во Европа.

Загреб е на четврто место во Европа според дневната потрошувачка на канабис, 11-ти по потрошувачка на кокаин, 12-ти по потрошувачка на амфетамин и 14-ти град по дневна потрошувачка на МДМА, покажаа резултатите од европскиот научен проект за анализа на отпадни води.

Резултатите од најголемото европско истражување за отпадни води од 2021 година, спроведено од страна на епидемиолошката организација за отпадни води SCORE и Агенцијата за лекови на ЕУ, беа објавени на Фејсбук профилот на психијатарот во Психијатриската клиника Врапче, Иван Ќелиќ.

Проектот ги анализираше отпадните води во 75 европски градови од 23 земји на Европската унија и Турција и Норвешка за да го истражи однесувањето на корисниците на дрога, пренесува Хина. Ова е најголемиот број земји што учествувале досега, и покрај континуираниот проблем со пандемијата на коронавирусот во периодот на истражување.

Најновите податоци покажуваат дека кокаинот, иако се уште е најзастапен во градовите на Западна и Јужна Европа (особено во Белгија, Холандија и Шпанија), се повеќе се наоѓа во источноевропските градови, каде што е забележан пораст.

Дневната потрошувачка на кокаин во Загреб е 548,62 mg на 1.000 жители, што го позиционира на 11-то место во Европа.

Метамфетаминот традиционално се концентрира во Чешка и Словачка, а сега дрогата е присутна во Белгија, Кипар, Источна Германија, Шпанија, Турција и неколку северноевропски земји. Што се однесува до канабисот, најголеми количини се пронајдени во градовите во Хрватска, Чешка, Шпанија, Холандија, Словенија и Португалија.

Загреб дневно консумира 132,9 мг канабис на 1.000 жители, што го прави четврти по големина град во Европа, јави Хина. МДМА е единствената дрога чии метаболити се пониски во повеќето испитувани градови бидејќи скоро две третини од градовите пријавиле намалување на обемот во 2021 година, веројатно поради затворањето на ноќниот живот за време на пандемијата. Загреб е рангиран на 14-то место во Европа со 28,26 mg MDMA консумирана на 1.000 жители дневно, покажа студијата.

 

 

Загреб истражување канабис Потрошувачка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.