Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Загриженост на ЕУ амбасадорите за новиот Рамковен договор, го нарушува балансот на моќ меѓу институциите

0
By Marija Todorovska on September 11, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ
Фото: X, European Commission
Фото: X, European Commission
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 11, 2025 10:57

Амбасадорите на земјите членки на ЕУ во Брисел изразуваат загриженост дека новиот Рамковен договор постигнат вчера меѓу Европската комисија и Европскиот парламент, го нарушува балансот на моќ меѓу институциите на Унијата утврден со Договорите на ЕУ.

Според дипломатски извори, на состанок на постојаните претставници на владите на земјите членки на ЕУ во Брисел, одржан зад затворени врати, неколку амбасадори, меѓу кои и на Франција, Полска, Грција, Унгарија, Португалија и Холандија, искажале „лоши работи“ за Договорот, особено поради фактот што за неговата содржина дознале од медиумите.

Европската комисија и Европарламентот вчера соопштија дека го усогласиле текстот на Рамковниот договор за прилагодување на балансот на моќта меѓу институциите на ЕУ, чија цел е, како што беше наведено во соопштението, подобрување на меѓуинституционалните односи, довербата, транспарентноста и дијалогот.

Со Договорот практично се поставува еднаков третман меѓу Европарламентот и Советот на ЕУ, при што Еврокомисијата добива улогата на „чесен посредник за пренесување на сеопфатни, навремени и детални информации со цел Парламентот да ги извршува своите законодавни и буџетски функции, како и своите должности на политичка контрола и консултации“.

Договорот, исто така, предвидува обврска на еврокомесарите да присуствуваат на пленарните заседанија на ЕП и неговите комитети, поттикнување на зголемувањето на бројот на европратеници кои присуствуваат на седниците, услови кога ЕК може да бара европратениците да се изјаснат за некој предлог по скратена постапка, подобар проток на информации од Комисијата до Парламентот во врска со меѓународните договори, како и регулирање на начинот на постапување на извршното тело на ЕУ на барањата и предлозите на ЕП и измени на некои внатрешните парламентарни правила од кои беа незадоволни еврокомесарите.

Но, постојаните претставници на земјите членки изразуваат „силни резерви“ кон Договорот, оценувајќи дека тој го надминува правниот опсег на Договорите на ЕУ и ја нарушува со нив воспоставената „институционалната рамнотежа“ во Унијата.

Земјите членки особено реагираат на одредбите поврзани со можноста на европратениците да добиваат повеќе информации за меѓународните договори и Еврокомисијата да дава подетални образложенија за барањата за усвојување на закони по скратена постапка.

Инаку, за да стапи во сила Рамковниот договор треба да биде усвоен од страна на европратениците и одобрен од Колеџот на комесари.

Европска комисија Европски парламент ЕУ Рамковен договор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 26, 2026

Историски највисока цена на златото – достигна над 5.000 долари за унца

ВЕСТИ January 26, 2026

Цената на златото денес за прв пат во историјата надмина 5.000 долари за унца, продолжувајќи…

Минеаполис: Растат тензиите откако Федерални агенти убија уште едно лице

January 25, 2026

Казните од Сејф Сити – од 20 до 400 евра

January 25, 2026

31-ви конгрес на СДСМ: Жестоки критики од Филипче за власта – Ја сведовте државата на последната дупка на Балканот – Европа не отпиша, Америка не нè запишува

January 24, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.