Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Захариева: Во интерес на Македонија е да остане ветото, да се научи вистинската, а не измислената историја што ги одалечува од бугарството

0
By НОВА ТВ Terziova on June 16, 2022 ВЕСТИ, РЕГИОН
Фото: bnr.bg
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Надворешна комисија не е Народното собрание, тоа е помошно тело на парламентот и одлуките ги носи парламентот, а не неговата комисија за надворешни работи, ја коментира поранешната шефица на бугарската дипломатија Екатерина Захариева намерата на премиерот Кирил Петков предлогот на француското претседателство за кревање на ветото за Македонија да го препушти на одлучување во Комисијата.

– Кирил Петков влезе во играта на РС Македонија, давајќи и ветувајќи дека ќе направи компромиси кои нема да ги одразуваат интересите на Бугарија. И Бугарија и граѓаните на РС Македонија ќе загубат од избрзаното укинување на ветото. Во нивен интерес е да се реформира  Македонија. Во нивен интерес е историјата да ја знаат таква каква што е, а не измислената историја што е создадена за да ги оддалечи од Бугарија и од бугарството – вели Захариева.

Таа додава дека со своите постапки, Петков ги поткопува напорите на Бугарија да ја реформира РС Македонија и се претвора во полномошник на Путин.

– Франција не може да ги гарантира барањата на Бугарија доколку тие не влезат во преговарачката рамка и не бидат одобрени од сите земји-членки на ЕУ – додава пратеничката од ГЕРБ Захариева во интервју за БГНЕС.

Таа вели дека не е јасно премиерот Петков брза да го укине ветото за Македонија.

– Мојот единствен сомнеж е дека Кирил Петков ветил дека ќе го укине ветото до крајот на француското претседателство. Нешто што тој негира, но сите негови постапки зборуваат во спротивна насока, вклучително и оваа одлука која вчера беше усвоена од Советот на министри – рече Захариева.

Таа ја опиша одлуката како прилично чудна конструкција, што укажува дека на премиерот му се брза.

– Сепак, Советот за општи работи е следниот вторник, а Европскиот совет е во четврток и петок (23 и 24 јуни). Не гледам кога и како францускиот предлог ќе помине низ парламентот, како што повеќепати ветија – рече Захариева.

Згора на тоа, додава, досега ниту еден пратеник од опозицијата или од ГЕРБ не е информиран за тоа што власта тврди дека „го постигнала како голем успех“.

– Да, вчера од министерката Теодора Генчовска во салата слушнавме резиме за тоа што МНР и дипломатите во него постигнале откако, како што рече, останале сами да го водат овој разговор. Помина околу еден месец. Но, како документ, како текст од Преговарачката рамка, ништо црно-бело не видовме – вели Захариева.

вето Захариева Македонија регион
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.