Намалена е казната за напаѓачот на Шеќеринска за една година, два месеци и 12 дена. Адвокатот на обвинетиот Панче Ангелов, Драган Пешевски, за НОВА изјави дека Ангелов е опфатен со новиот закон за амнестија, што му овозможува намалување на казната за 30 проценти.

Со ова, затворската казна за обвинетиот Ангелов, од 4 години се намалува на две години и 10 месеци.

Ангелов беше осуден за насилство што го изврши на 27 април кога имаше упад во Собранието. Тој ја влечеше тогашната пратеничка Радмила Шекеринска за коса, иако таа веќе имаше видливи повреди на главата.

Ангелов на судењето ја призна вината, се извини и рече дека се кае. Тогаш побара од судијата при изрекување на пресудата да ги земе в предвид неговата возраст (65години) и тоа што до тогаш не бил осудуван.

Овие денови се очекува  Ангелов да добие упат од кривичниот суд  за да почне со  издржување на затворската казна.