Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Законот за JO мина на Влада, од денеска во Собрание

0
By Нова ТВ on February 10, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Законот за јавното обвинителство синоќа доби зелено светло од Владата и денеска влегува во собраниска процедура. Власта ја обезбедила потребната двотретинска поддршка од пратениците за негово изгласување. Парламентарното мнозинство смета на гласовите на Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, на Алијанса на Албанците, на Алтернатива и на БЕСА. Се очекува законот по скратена постапка да биде усвоен во Собранието до 12 февруари за кога е најавено распуштање на актуелниот пратенички состав и распишување на предвремените парламентарни избори на 12 април.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев вчера изјави дека преостанатите три дена до распуштање на законодавниот дом се доволни законот за ЈО да биде изгласан. Вели дека е создадено решение и постигната добра основа за носење на законот кој, според него, ќе биде придонес за правната држава и владеењето на правото, ќе гарантира дека сите судски процеси кои произлегуваат од СЈО ќе добијат правна разрешница, без скриена амнестија, а ќе значи и аргумент плус за добивање датум за старт на преговорите со ЕУ. Уште еднаш ги повика сите политички партии, вклучително и ВМРО-ДПМНЕ, да го поддржат законот.

„Уште еднаш испраќам директна покана до Христијан Мицкоски и повик ВМРО-ДПМНЕ да учествува во овој закон, затоа што се што бараа во овој период низ разговорите кои две години се случуваат е веќе вградено“, изјави Заев.

Тврди дека конечното решение на законот за јавното обвинителство ги опфаќа предлозите на партиските работни групи.

„Во нив е вграден нормативот на години стаж на јавниот обвинител во ЈО, соодветната употреба на јазици во државата, сите сугестии кои дојдоа од Алијанса на Албанците, од Алтернатива, од БЕСА, сето тоа што е разговарано е веќе потврдено и вградено во самиот закон. Благодарение на независната пратеничка група се вградени механизми кои верувам дека ги ставаат сите во посигурна состојба за да име едно вакво решение, а тоа е дека незаконските прислушувани материјали во периодот 2008 – 2015 година не може да бидат основа за обвинение. Целосно е регулирано во законското решение што со предметите до 30 јуни 2017 година, што со истрагите после тоа“, додаде Заев.

За можноста ВМРО-ДПМНЕ со амандмани да го оневозможи донесувањето на законот, Заев вели дека не го очекува тоа, но во случај на обиди за блокада може да се одложи распуштањето на Собранието.

Мицкоски, пак, вчера од Кавадарци порача дека очекува во среда да биде распуштено Собранието, како што е договорено кај претседателот на државата, Стево Пендаровски. Очекува сите политичари да си стојат на договореното.

Во врска со законот за ЈО, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, ден претходно кажа дека СДСМ ако собере мнозинство може да го донесе во Собранието, но нагласи дека нема намера да преговара за пролонгирање на датумот за распуштање на Парламентот.

Поддршка за законот ќе даде независна пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ, бидејќи, како што велат, во него се вградени нивните ставови. Апелираа до ВМРО ДПМНЕ да поднесе конструктивни и издржани амандмани кои заедно ќе ги поддржат и во интерес на граѓаните да се донесе законско решение во духот на градењето доверба во создавањето правна држава и ќе се даде импулс за евроатланските процеси.

Претседателот на Собранието Талат Џафери најави дека ако добие усогласено решение, законот за ЈО ќе биде ставен на седница пред распуштањето на Парламентот в среда.

Влада ВМРО-ДПМНЕ Закон за ЈО СДСМ Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.