Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Законот за јазици прво во Собрание, потоа во Венецијанската комисија

0
By Нова ТВ on January 24, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 24, 2018 12:36

Законот за употреба на јазиците ќе биде прва точка на 32-та собраниска седница закажана за в понеделник на 29 јануари.

Законот повторно се враќа во Собранието, откако претседателот Ѓорге Иванов одлучи да не го потпише указот, бидејќи според него законското решение „е во спротивност со Уставот и го загрозува унитарниот карактер на државата“.

Законот на 11 јануари беше усвоен со 69 гласа „за“ и еден воздржан, но без присуство на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

На третото читање, Законот оди директно на пленарна седница, без комисиска расправа, а амандмани ќе може да се поднесуваат само на членовите на кои укажа шефот на државата: 21 забелешка на 19 од вкупно 25 члена.

Се очекува парламентарното мнозинство со поддршка на опозициските партии од албанскиот политички блок повторно да го изгласаат законот, по што претседателот е обврзан да го потпише Указот. Веќе има најави дека овој Закон ќе биде оспорен пред Уставниот суд.

Од ВМРО ДПМНЕ бараат негово повлекување и да биде доработен во консултации со експерти:  на текстот да работат работни групи составени од експерти од различни области, кои треба да стигнат до решение што нема да се коси со Уставот.

-ВМРО–ДПМНЕ имаше можност да учествува во процесот на носење на овој закон во Собранието на Република Македонија, но одби да го направи тоа со

што демонстрираше политичка неодговорност. Имајќи предвид дека претседателот Иванов не го потпиша указот за прогласување на законот за употреба на јазиците, истиот повторно ќе се најде во Собраниска процедура, при што ВМРО–ДПМНЕ ќе има можност активно да интервенира преку амандмандска расправа, се вели во соопштението од владината прес служба како реакција на ова барање од ВМРО ДПМНЕ и ги повикуваат да поднесат амандмани.

Законот ќе оди пред Венецијанската комисија

Целиот текст на Законот за употреба на јазиците ќе оди на мислење во Венецијанската комисија, по што може да претрпи промени во зависност од добиените забелешки. Од Владата денеска повторија дека Законот е усогласен со Уставот и уште еднаш ги повикаа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да се вратат во собраниските клупи за да учествуваат во расправата од третото читање.

-Законот е изгласан во демократска атмосфера, поддржан од мнозинството пратеници и е во рамки на концептот за „Едно општество еднакво за сите“. Ги повикуваме пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да учеств на амандманската расправа и да ги кажат своите ставови онаму каде што треба да го сторат тоа. Што се однесува до Венецијанската комисија, Владата во јуни минатата година донесе заклучок според кој Законот по усвојување во Собранието ќе оди цел на мислење до Венецијанска комисија. Кога ќе се врати во Република Македонија постои политички консензус и политичка волја сите забелешки и мислења на Венецијанската Комисија да бидат имплементирани во истиот закон, изјави денеска владиниот портпарол, Миле Бошњаковски.

Тој додаде дека нема да има дополнителни вработувања кои ќе го оптеретат буџетот, туку дека ќе се користат постојните вработните во државната администрација.

Инаку, претходно од Владата тврдеа дека мислење од Венецијанската комисија ќе побараат за одредбите од Законот кои се однесуваат на двојазичните униформи на полицијата, пожарникарите и здравствените работници, во Скопје и оние општини со над 20 отсто албанско население, како и за одбредбата на парите да има симболи и од албанската култура.

 

Венецијанска Комисија законот за јазици Собрание трето читање
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 4, 2026Updated:May 4, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

ВЕСТИ May 4, 2026

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4ти февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог,…

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.