Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Законот за јазици се враќа во Собранието со над 30.000 амандмани

1
By Нова ТВ on January 29, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Собранието на Република Македонија денеска на дневен ред е Законот за употреба на јазиците, во трето читање, кој беше вратен од страна на претседателот на државата Ѓорге Иванов без потпишан указ и со бројни укажувања.

Официјалната бројка на амандмани е 35.573, како што за МИА соопштија од Кабинетот на претседателот на Собранието. За нив ќе треба да расправа, според изјава на спикерот Талат Џафери, најмалку шест месеци. На ова треба да се додадат и ресурсите што Парламентот треба да ги потроши само за да се донесе еден закон. Дополнително, и уште поважно, е блокирањето на поголем дел од другите закони и активности планирани од мнозинството.

За архивирање, обработување и ставање во е-системот на Парламентот викендот беа ангажирани околу 120 вработени во собраниските служби. За да се разгледаат сите поднесени амандмани на Парламентот ќе му бидат потребни месеци.

Пред собраниската седница треба да се одржи и редовната понеделничка координативна средба на претседателот на Собранието Талат Џафери со координаторите на пратеничките групи од која се очекува да произлезе договор како ќе се одвива седницата имајќи го предвид бројот на поднесните амандмани, но и фактот што во Собранието првпат се применува ставот 3 од членот 173 на Деловникот и директно на пленарна седница ќе се гласа за амандмани произлезени од укажувања на претседателот на државата.

Неизвесно е дали претставници на опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе присуствуваат на координацијата со Џафери.

Влатко Ѓорчев, кој сега ја координира работата на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во петокот најави дека тие на седницата ќе настапуваат „како и досега“ односно со десет пратенички групи.

Ѓорчев, пак, нема да присуствува на седницата, бидејќи заедно со лидерот на партијата Кристијан Мицкоски е во Брисел на состаноци со официјални претставници на ЕК и европратеници.

Според Деловникот, поднесените амандмани ќе бидат разгледувани само на пленарна седница. Предлагачот ќе има три минути да ги образложи и амандманот ќе може да се гласа. За да биде донесен потребно е 61 глас. Координаторите на пратеничките групи имаат право и на процедурална забелешка од три минути. Доколку се слични амандманите можат да се групираат, објаснуваат од собраниските служби, но тие ќе мора да се гласаат поединечно.

Копии од амандманите во контејнер

По веста што викендов ја објави порталот Република.мк и дел од електронските медиуми дека дел од амандманите на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за употреба на  јазици биле најдени фрлени во контејнер до Собранието, законодавниот дом остро ги демантира овие наводи како обид за груба манипулација со јавноста и дискредитација на Службата на Собранието.

-По спроведена интерна проверка утврдено е дека сите оригинали од амандманите уредно се архивирани и се наоѓаат во собраниската архива. Амандманите прикажани во јавноста се копии од амандмани кои се уредно внесени во процедура и се веќе објавени на е-парламент, со што се достапни на сите 120 пратеници и на јавноста, се вели во соопштението од Собранието.

Првпат ќе се гласа за амандмани поднесени по забелешки од Претседателот 

Во Собранието на Република Македонија првпат ќе се гласа за амандмани изготвени врз основа на забелешки поднесени од страната на претседателот на државата за закон чиј указ не го потпишал.

Ваквата постапка е предвидена со членот 173 од Деловникот за работа на Собранието, а овој член е вметнат со измените на овој акт од 2008 година. Претходно немало правна множност претседателот на вратен закон да достави забелешки, а пратениците да поднесат амандмани.

Пред 2008 година постапката за враќање на законите без потпишан указ била во согласност со Уставот на државата, а  законите по враќањето во Собранието само биле ставани на гласање. Доколку законот бил изгласан повторно претседателот бил должен да го потпише указот. Закони во Собранието враќале и поранешните претседатели Бранко Црвенковски и Борис Трајковски.

Членот 173 од Деловникот предвидува претседателот на Собранието, веднаш по донесувањето, законот да го достави до претседателот заради потпишување на указот за прогласување на законот. Но, ако претседателот одлучи да не го потпише указот за прогласување на законот, Собранието повторно го разгледува законот во фаза на трето читање, во рок од 30 дена од денот на донесувањето на законот. По повторното разгледување на законот, амандмани можат да се поднесуваат само во врска со укажувањето на претседателот на Републиката.

Претседателот Ѓорге Иванов го врати законот за јазиците во Собранието без потпишан указ и со повеќе укажувања.

амандмани вето закон за јазиците Иванов трето читање
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.