НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Законот за јазиците помина во Комисијата за европски прашања

0
By Нова ТВ on September 7, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, со која претседава пратеникот  Артан Груби, го заврши општиот претрес  по Законот за употреба на јазиците, во прво читање, по што Комисијата со 9 гласа  „ЗА“, и ниту еден глас „ПРОТИВ“ и „ВОЗДРЖАН“ го усвои  заклучокот  дека законот е прифатлив, и од аспект на неговата усогласеност со правото на ЕУ, и треба да се даде на натамошно читање.

Груби во своето воведно обраќање рече дека е важно носењето на овој закон за заокружување на нормативниот дел кој што произлегувал од  Охридскиот Рамковен Договор и  од  Амандманот 5 од Уставот на Република Македонија.

Комисијата, како  матично работно тело по законот, кој е со знамето на Европската унија и е дел од Националната програма за усогласување на правото со ЕУ за 2017-2020 година,  ја започна расправата по законот во  вторникот, која продолжи во средата и заврши денес, согласно деловничките одредби на Собранието на Република Македонија, кои предвидуваат  општиот претсрес  по законот во  прво читање да заврши  најмногу во  рамките на  три работни дена.

Во текот на тридневната расправа во Комисијата, пратаниците Антонио Милошоски, Џеват Адеми,  Илија Димовски,  Стево Пендаровски, Мирсада  Емини, Весел Мемеди, Реџаил Исмаили, Владанка Авировиќ, Петре Шилегов, Невенка Стаменковска,  Нола Исмајлоска,  Жаклина Пешевска,  Трајчо Димков, Зекир Рачмиловиќ, Шпреса Хадри, Димитар Стевананџија, Фадил Зендели, Томислав Тунтев имаа свои говори.

Артан Груби закон за употреба на јазиците Комисија за европски прашања Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.