Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Законот за одбрана и автентичното толкување на членот 11 пред пратениците

0
By Нова ТВ on December 11, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Потребното двотретинско мнозинство за Законот за одбрана е неизвесено поради името Република Северна Македонија што стои во текстот. Владејачкото мнозинство очекува пратениците од сите политички партии на денешната собраниска седница да покажат дека се за членство во НАТО и го поддржат законот. Неодговорно е, велат, на последниот чекор пред НАТО да се тера партиска политика.

Единствен аргумент на опозициската ВМРО-ДПМНЕ да не даде поддршка, според власта, е тоа што во законот е наведено името Република Северна Македонија, кое стои и на ратификацијата на договорот за НАТО, што треба да помине во Собранието.

Фото: atlanticcouncil.org

Според министерката за одбрана Радмила Шекеринска, ако сите се залагаме за членство во НАТО, неопходно е да се донесе Законот за одбрана, кој е клучен за пристапувањето во Алијансата.

„Ќе биде неодговорно од сите нас да зборуваме за ратификација, а да не си ја завршиме домашната задача. Ова особено се однесува на ВМРО-ДПМНЕ, кое молчи на оваа крупна тема. Без тој закон ќе биде неодговорно да се зборува за ратификација, а при тоа да не се завршува домашната задача. Владата е уверена дека ние ќе успееме да ја завршиме ратификацијата на нашиот НАТО протокол навреме“, порача Шекеринска.

Со законот треба да се исчистат неусогласеностите и да се уредат обврските кои државата ги презема како идна членка на НАТО, односно преоѓањето од систем на индивидуална во систем на колективна одбрана.

Се уредува и процедурата за учество во мисии и операции на НАТО. Со измените на законот целосно се регулира прашањето за учество на цивили, вработени во министерствата за одбрана, за здравство и за внатрешни работи, како резервен состав, доколку самите изразат волја, желба и ако има потреба таков кадар да учествуваат во мисии. Сите наши учесници во мисии, без разлика дали се цивилни лица или припадници на Армијата, ќе ја носат униформата на С. Македонија, а обележјето ќе биде исклучиво знамето на државата. Во законот за првпат се вградува принцип на правична застапеност.

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за одбрана, веќе доби зелено светло од собраниската Комисија за одбрана и безбедност, но без членовите од ВМРО-ДПМНЕ. Осум членови беа „за“, немаше против и воздржани. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија Комисијата на почетокот на седницата.

На денешната 123-та седница на Собранието на дневен ред се вкупно 57 точки, меѓу кои, како последна, е барањето за давање автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување, поднесено од пратениците Сашко Костов и Диме Велковски.

Во предложениот дневен ред објавен на веб-страницата на Собранието не е ставен изборот на главен ревизор ниту, пак, избор на останатите директори и заменици на државни агенции и дирекции, кои во петокот беа предложени на Комисијата за прашања на изборите и именувањата. Постои можност дневниот ред на седницата да биде дополнет на самиот почеток. Доколку нивниот избор не биде на денешната седница, тогаш, како што најавуваат од Парламентот, тоа ќе биде направено на седницата што е планирана за 23 декември.

На дневен ред на оваа седница се и неколку ратификации и закони во прво и во второ читање, како и закони по скратена постапка. Дел од законските предлози се усогласување со новиот Законот за прекршоци, односно намалување на глобите.

Закон за одбрана Собрание Член 11 Толкување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.