Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Власта и опозицијата во клинч и за Законот за одбрана

0
By Нова ТВ on December 6, 2019 ПОЛИТИКА
Фото: twitter
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 6, 2019 15:22

Доколку се отстранат пречките во предложениот Закон за одбрана, истиот би можел да се донесе веднаш, велат од ВМРО-ДПМНЕ како одговор на апелот на министерката за одбрана, Радмила Шекеринска за одговорен пристап за членството во НАТО. Како што кажа, тоа особено се однесува на опозицијата која според неа „до ден денеска молчи на темата“.

„Во Законот се вметнати одредби што воопшто не се дел од оние стандардите на НАТО што се неопходни како дел од усогласувањето во делот на Армијата“, изјави портпаролот Наум Стоилковски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, за НоваТВ.

На прашањето на што конкретно се однесуваат пречките, тој само накусо рече дека за тоа е „добро информирана министерката Шекеринска на трите средби што ги имавме“.

Наспроти тврдењата на Стоилковски, Шекеринска вели дека опозицијата не кажала ниту еден збор против законот, не дала ниту еден амандман и ги повика „да престанат со теоретизирање за НАТО и користење за партиски злоупотреби туку да направат нешто што го должиме на граѓаните“. Од ВМРО-ДПМНЕ и натаму остануваат на ставот за ратификација на Протоколот за членство во Алијансата со одложено дејство.

„Го наведовме примерот од Црна Гора и нема зошто да се бега, а ниту пак државата нешто ќе загуби“, порачаа од ВМРО.

Шекеринска денеска рече дека од шпанските колеги добила уверување оти ратификцијата на Протоколот во Мадрид ќе се случи многу брзо по формирање на шпанската Влада и дека процесот ќе финишира на почетокот од 2020 година. Барањето на ВМРО-ДПМНЕ за ратификација на Протоколот за НАТО во нашето Собрание, без да се сочека ратификацијата од Мадрид, според неа, е партиска злоупотреба на темата.

„Тоа ќе ни даде шанса нашиот парламент да не ратификува на жими мајка туку онака како што треба откако сите 29 земји членки тоа го направиле. Во оваа држава многу често ни се случило да мислиме дека сме ја завршиле работата и тоа да не се случи. Затоа луѓето се загрижени. Овој пат сакаме да чекориме на цврсто и затоа сметаме дека апсолутно ова е само злоупотреба и обид една извонредно добра вест да се покрие со 1.001 дилема. На 11 декември, Парламентот го има вистинскиот начин и вистинскиот инструмент како да покаже дека се сите обединети околу НАТО членството. Ратификацијата ќе се случи многу брзо“, изјави Шекеринска.

ВМРО-ДПМНЕ Закон за одбрана НАТО Радмила Шеќеринска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.