Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заменик државниот секретар на САД со силна поддршка за Договорот од Преспа

0
By Нова ТВ on December 18, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

https://www.youtube.com/watch?v=eIhnExkVzPU

Заменик државниот секретар на САД Џон Саливан кој денеска е во посета на Македонија, ја пренесе силната американска поддршка за Договорот од Преспа кој го отвора патот на Македонија да го заземе заслуженото место во ЕУ и НАТО, изјави тој на заедничката прес-конференција со македонскиот премиер Зоран Заев.

-САД се залагаат за стабилна и безбедна Југоистона Европа, а Македонија е клучен фактор во регионот за постигнување на таа цел, порача Саливан.

Тој искажа пофалби за премиерот Заев и за шефот на дипломатијата Никола Димитров, како и за пратениците кои ги поддржаа уставните измени. Ги повика и другите парламентарци да дадат поддршка и да ги тргнат настрана теснопартиските цели и да ги следат националните интереси.

– Вашите гласови ја ставија вашата земја на патотот на сигурна и просперитетна иднина. Како продолжува процесот во Собранието ги поттикнуваме повеќе пратенции да ги остават на страна партиските интереси и да останат фокусирани на заедничките стратешки цели. Нема друга алтернитава, надежите за посветла иднина за вашата земја ви се на дофат, истакна Саливан.

На прашањето какви се ризиците Преспанскиот договор да не биде ратификуван во грчкиот Парламент, Саливан рече дека тоа е спогодба постигната од страна на двајца храбри лидери на двете земји и САД цврсто веруваат во спроведувањето на договорот.

Саливан потсети дека државниот секретар на САД Мајк Помпео пред неколку дена се сретна со грчка делегација, во рамки на стратешкото партнерство меѓу САД и Грција, при што ја нагласил важноста од спроведувањето на Спогодбата за двете земји, како за Македонија така и за Грција.

– Спроведувањето на оваа спогодба е важно за просперитетот на двете земји, за Грција и за Македонија. Двајцата премиери покажаа храбро лидерство и САД се горди на ваква спогодба што е постигната меѓу двете земји. И понатаму ќе продолжиме да го поддржуваме спроведувањето на спогодбата и тоа е една од причините за мојата посета на Скопје, рече Саливан.

Во однос на целосното спроведување на Договорот од Преспа, и дали има и минимален ризик да не успее тој процес, Заев рече дека најсериозна гаранција за успешноста на процесот е неговата инклузивност, преку која активно учество земаат огромен број на пратеници, а не само осумте пратеници од новата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

– Ова беше потврдено уште при самата дебата за утврдување на потебата за отворањето на уставните измени, каде што беа вградени сугестиите на осумте пратеници, во втората фаза исто така кога се зборуваше за нацрт-амандманите, и во оваа трета фаза излеговме со амандмани во кои буквално е вградено се што беше во духот на договорот, што беше предложено и од македонските партии и од албанските политички партии. Тоа е најсериозната гаранција за имплементација на договорот, рече Заев.

Премиерот истакна дека успешната завршница на овој процес во Собранието е билетот на Македонија за влез во НАТО.

– Паралелно со овој процес нам ни останува да продолжиме со реформите во правосудството, безбедносните служби и јавната администрација. Мораме да бидме сигурни дека до средината на наредната година, на Европската комисија во Брисел ќе испорачаме кредибилни резултати за да се потврди одлуката на советот на ЕУ, рече Заев.

Премиерот Заев оцени дека посетата на заменик државниот секретар е уште еден доказ за постојаната и континуирана поддршка на САД на Република Македонија.

Заев нагласи дека главните стратешки цели на Македонија остануваат членство во ЕУ и НАТО. Порачна дека Македонија е посветена на регионалната соработка и се залага за силен и стабилен Балкан со поддршка на ЕУ и САД.

Тој додаде дека Владата останува посветени на реформите за да се испорачаат кредибилни резултати и да се потврди одлуката за отворање на преговорите за членство на Македонија во ЕУ.

На новинарско прашање, дали можеби гледа руско влијание во честите непријателски изјави кон Македонија во последно време, Саливан рече дека не е тајна и не е изненадување за никого дека Русија се противи и на Преспанскито договор и на членството на Македонија во НАТО.

-Горд сум што сум тука како претставник на САД и на американскиот народ, во поддршката на одлуката што ја донесоа политичките лидери и граѓаните на оваа Македонија. Тука сме да ја поддржиме одлуката донесена под храброто лидерство. Не е непознато дека Русија се противи на Преспанскиот договор и нема сомнеж дека ќе направи се во сопствен интерес наспроти интересот на македонските граѓани, да го поткопа процесот на спроведување на Договорот. Но САД ја поддржуваат Макодонија и легитимната и демократска одлука. Руското влијание е видливо и во други делови на светот, како и во избрите во САД во 2016. Ќе ги поддржиме сите влади во разоткривање на сите сите активности со кои Русија се обидува да го поткопа процесот, рече Саливан.

Саливан кој престојува во еднодневна посета на Македонија, треба да има средби и со претседателот Ѓорге Иванов, со претседателот на Собранието Талат Џафери и со координаторите на пратеничките групи. Тој веќе се сретна со министерот за надворешни работи Никола Димитров, на која Саливан истакнал дека целта на неговата посета е да ја реафирмира американската поддршка на историскиот пат на интеграцијата на Република Македонија кон ЕУ и НАТО.

Посетата на заменик-државниот секретар на Македонија е во рамки на неговата турнејата низ повеќе европски земји.

Саливан е највисок функционер на Стејт департментот кој од 2001 година доаѓа во официјална посета на Македонија.

Заев прес Саливан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.