Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Западните политичари во обид да ја решат албанската политичка криза

0
By Нова ТВ on April 17, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со бојктот на изборите на 18 јуни што го најавува албанската опозиција ќе биде спречена реформата на судството што Албанија мора да ја направи и сето тоа ќе ја оддалечи земјата од ЕУ.

Ова е заклучокот на средбата помеѓу германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел кој се наоѓа во официјална посета на Тирана и неговиот албански колега Димитри Бушати.

“Знаеме дека има многу работа. Овде во Албанија треба да се направат реформи во судството. Зошто е тоа толку битно? Затоа што ако има нешто што прави разлика во Европа и во ЕУ е спроведувањето на законите и на Уставот.  На крајот на овој пат треба гаранција дека луѓето во Европа се безбедни и не се предмет на игра на интереси”, изјави Габриел.

И холандскиот министер за надворешни работи Берт Коендерс е во посета на Албанија и очекува слободни избори и примена на реформите во судството.

“Важно е да има дијалог, слободни и фер избори”, рече Коендерс.

Но, во Албанија нема политички дијалог и тоа одамна и покрај тоа што двете партии се менуваат на власт од 1991 година.

Во Албанија ќе допатува и Германецот Дејвид Мекалистер, претседавач со Комисијата за надворешни работи на ЕП и член на демохристијанската Европска народна партија. Тој прифатил да биде олеснувач за излез од политичката криза во која западна Албанија откако опозицијата се закани дека ќе ги бојкотира изборите.

Десната опозиција со месеци го бојкотира Парламентот и протестира против судската реформа тврдејќи дека власта не им дозволува во неа да учествуваат.

Помеѓу двете најголеми партии во Албанија нема никаков дијалог. Опозицијата од Демократската партија на Љуљзим Баша тврдат дека власта на социјалистот Еди Рама е корумпирана. Тие го обвинуваат Рама дека не се бори против шверцот на дрога и дека е корумпиран.

На ова Рама одговара дека во периодот кога актуелната опозиција била на власт имало страшни злоупотреби “кога голем број луѓе со викендички и бизниси се криеја зад маската на сиромашни”, изјави Рама.

Засега албанската криза останува само во редовите на Демократската партија која инсталираше огромен шатор под прозорците на премиерот Рама и досега не успева да ја натера власта на оставка и отстапки.

Но ако протестите продолжат треба да се види дали партијата Социјалистичко движење за интеграција, чиј што шеф е Илир Мета, претседател на Парламентот, ќе ја поддржува и понатаму владината коалиција.

 

Албанија Берт Кундерс Дејвид Макалистер Зигмар Габриел политичка криза
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.