Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Започна снимањето на првиот македонски мјузикл „Охридски лудории“

0
By Marija Todorovska on November 13, 2024 ТИКЕР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 13, 2024 10:08

Охрид: Педесеттина музичари, од кои петнаесеттина естрадни уметници од македонската фолк-сцена, како и десеттина глумци ќе бидат дел од долгометражниот филм „Охридски лудории“ што од денеска почна да се снима во Охрид.

Како што беше истакнато на денешната прес-конференција свикана по повод удирањето на првата клапа на филмот, станува збор за прво вакви филмско остварување во замјава, мјузикл осмислен да ја промовира македонската фолк-музика, домашните уметници и македонската музика и песна.

Филмот е идеја на Александар Тасевски, уметник од оркестарот „Маестрал“, продукција и режија на „Централ продукција“ од Тетово, а ќе се работи во организација на Благоја Стојановски – Пикси и Хари Сековски.

– Идејата за ваков филм постои кај нас одамна, така што сметам дека редно беше едно вакво филмско остварување да доживее своја реализација, рече сценаристот Тасевски.

Стојановски од своја страна верува дека бројната екипа соработници што ќе работи на филмот ќе успее да направи убав игран филм, чииј промоција е најавена за август следната година.

Сековски кој е менаџер во Швајцарија посочи дека целта е филмот да има своја промоција и надвор од Македонија, во сите европски земји па и на другите континенти.

– Замислата е не само да има промоција на филмот пред домашната јавност, туку да се искористи и презентирање на естрадните уметници од земјава надвор од нејзините граници, рече тој.

Како што зборува и самиот наслов, овој фолк-мјузикл во кој ќе има и комични сцени со актерите и естрадните уметници ќе се снима на атрактивни локации во Охрид и околината.

За учество во филмот веќе е ангажирана бројна екипа, со уметниците Благојче Стојановски –Туше, Зорица Дончев, Дани Данијела, Ташко Каранфиловски, Слаѓана Столеска, Бети Сековска како и актерите Марјан Коцев, Занко Зш Голабоски…

Организаторите во оваа прилика испратија и повик до сите колеги од фолк-естрадата да се вклучат во реализацијата на филмот, чија завршница како што беше најавено е предвидено да биде заокружена со голем музички спектакл, фестивалска претстава со учество на повеќе од 20 уметници од домашната фолк-сцена.

долгометражен филм мјузикл Охрид Охридски лудории
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.