Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Заробената држава“ се ослободува

23
By Нова ТВ on April 19, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонија во изминатата година направи прогрес во исполнувањето на политичките, економските и демократските критериуми, оценува Европската комисија во Извештајот за напредокот на земјата врз основа на кој препорача да почнат преговорите за нејзино членство во ЕУ.

Во делот на политичките критериуми се наведува дека државата конечно ја надмина најсериозната политичка криза од 2001 година. Тешкотиите во процесот на формирање на новата Влада кулминираа на 27 април 2017 година со нападите во Парламентот што беше најостро осудено од страна на меѓународната заедница. Насилствата во Собранието беа напад врз демократијата и треба да биде утврдена одговорноста за тоа, укажува ЕК.

Од мај 2017 новата реформски ориентирана Влада презеде чекори во однос на „заробеноста на државата“ преку постепено зајакнување на демократијата и владеењето на правото. Се прават значајни промени во инклузивна и отворена политичка атмосфера. На локалните избори во октомври беше потврдена поддршката од граѓаните на европски ориентираните политики на владината коалиција. Парламентот продолжи да функционира, а клучни собраниски тела ги предводат претставници на опозицијата.

ЕК препорачува Собранието да ја зајакне својата законодавна и надзорна функција и да го ограничи користењето на скратени процедури при носењето закони. Се препорачува и функционален надзор над работата на Владата и разузнавачките служби, како и во заштитата на човековите права и основните слободи. Секоја форма на опструкција или нарушување на процедурите што би го попречило функционирањето на Собранието треба да се избегнуваат, а политичките партии  треба да ги зајакнат своите демократски капацитети што ќе доведе до подемократски политички процеси во земјата, наведува ЕК во извештајот за Македонија.

Меѓуетнички односи

Меѓуетничките односи остануваат чувствителни. Севкупно ситуацијата е мирна, но повремени инциденти и изјави предизвикуваат тензии. Новата Влада покажа заложба за справување со предизвиците на овој план, преку подобрување на меѓуетничките односи, зголемување на довербата меѓу заедниците и спроведување на Охридскиот договор.

Имплементацијата на Рамковниот договор, со кој беше ставен крај на конфликтот во 2001 година, треба да биде следена на транспарентен и инклузивен начин, препорачува ЕК.

Демократско владеење

Демократското владеење е подобрено. Новата Влада презеде чекори за ослободување на „заробената држава“ преку повеќе транспарентни чекори. Покажа политичка волја да ја спроведе реформската агенда потребна за приближување кон ЕУ, а независните, регулаторни, супервизорски и советнички тела почнаа поефикасно да ја вршат својата работа, се вели во Извештајот.

Граѓанско општество

Граѓанското општество продолжува да игра конструктивна улога во поддршка на демократските процеси и поголема транспарентност. Од втората половина на минатата година значително е подобрена климата во која дејствуваат граѓанските организации, а Владата покажува заложба за дијалог и соработка со нив. ЕК оценува дека е потребно дополнително подобрување на правната, финансиската и политичката рамка за натамошно подобрување на условите за граѓанското општество.

ЕК Извештај политички критериуми
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.