Министерството за надворешни работи на Република Македонија информира дека засега нема информации за Македонци погодени од силниот земјотрес кој утрово го зафати централниот дел на Италија.
Од МНР велат Амбасадата на Република Македонија во Рим е во постојан контакт со надлежните институции и во моментов нема информации за повредени граѓани а воочени се само поголеми материјални штети.
Министерството за надворешни работи на Република Македонија ги известува сите заинтересирани дека за прашања поврзани со безбедноста на македонските граѓани кои во моментот се наоѓаат во Италија, можат да се обратат на дежурните телефони во Амбасадата на Република Македонија во Рим, Италијанска Република, како и во Министерството за надворешни работи.