Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Засилени инспекции во градинките, тестирање и вакцинација против ширење на големата кашлица

0
By Marija Todorovska on March 6, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 6, 2024 09:41

 Засилување на инспекцискиот надзор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) за да се види навистина состојбата во градинката со вакцинирани и невакцинирани деца, да се овозможи тестирање за пертусис (голема кашлица) низ целата држава од центрите за јавно здравје за кое досега немаше таква можност, а дигиталната евиденција за вакцинација на децата во вакциналните пунктови да биде задолжителна за подобар преглед, се новите препораки  Комисијата за заразни болести (КЗБ) по нејзиното вчерашно заседавање во однос на спречување на пертусис.

Портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ вчера информра дека од 15 март се очекуваат и вакцини против пертусис за возрасни.

Од 123 заболени со пертусис, најголемиот број , 119, се во градот Скопје,  по еден во Дебар, Тетово и Струмица

-Оправданоста на епидемијата што е прогласена во градот Скопје, уште еднаш се потврдува и со последниот извештај добиен од Институтот за јавно здравје. Спорадично имаме појава на по еден случај – Дебар, Тетово и Струмица, меѓутоа сѐ уште не можеме да кажеме дека состојбата се разговорува на национално ниво, што е добро, истакна Мехмедовиќ.

Комисијата за заразни болести предлага прогласување на епидемија на подрачјето на Град Скопје, со оглед на 18-те потврдени случаи со голема кашлица, од кои 14 се во Скопје. 

Вакциналните пунктови во Скопје работат во две смени и според Мехмедовиќ вакцинацијата се одвива добро и продолжува со исто темпо.

– Од 18 јануари до 29 февруари, по препорака на Комисијата за заразни болести, а по наредба на Министерството за здравство, работат вакциналните пунктови во Скопје во две смени и аплицирани се вкупно 22.395 дози вакцини. Заклучокот е дека вакцинацијата се одвива добро и оти ќе продолжи со истото темпо и на граѓаните, односно на родителите, ќе им бидат достапни овие вакцинални пунктови и во иднина, појасни Мехмедовиќ.

Процедурата за пристигнувањето и регистрацијата на вакцините кои се очекуваат на 15  март е надлежност на Комитетот за имунизација. Предност за вакцинирање, според КЗБ, се дава на возрасните кои живеат со деца под две години, а кои се под посебен ризик да заболат од пертусис и кај кои би имало тешка клиничка форма на болест. Исто така и вработените кои се во директен ангажман и се во контакт со децата на оваа возраст, а како што рече Мехмедовиќ би требало да се вакцинираат и бремените жени во третиот семестар од нивната бременост со цел дететото кога ќе биде родено да има одреден имунитет против пертусис и во првите два месеца додека не биде примена првата вакцина.

Комисијата за заразни болести ќе има состанок денеска од 12 часот, а меѓу темите за расправа се и големата кашлица и грипот. Информацијата за МИА ја потврди портпаролот на Комисијата, Злате М

Останува апелот на Комисијата за заразни болести да се вакцинираат сите деца кај кои има доцнење во вакцинацијата. Секое задоцнување со вакцинацијата предизвикува последици што, укажа Мехмедовиќ, после тоа се рефлектираат во одложувањето на останатите вакцини.  Во контекст на тоа посочи на морбилите кои се во подем во регионот, што се оценува како сериозна закана за државава затоа што имаме низок процент на вакцинација од морбили.

КЗБ порачува родителите да бидат во тек со сите вакцини од задолжителниот карактер за имунизација.

-Доколку се следи  редовниот календар на имунизација, нема потреба да се одложи ниту една вакцина. И затоа е најдобро родителите, кога веќе ќе бидат совесни да го следат календарот за имунизација затоа што во тој случај ниту МРП вакцината ќе се одложи поради ДТПР вакцината ниту обратно, ниту која било вакцината ќе биде поспонирана поради тоа што имаме редовна вакцинација, укажа портпаролот на Комисијата за заразни болести.

Последниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 23 до 29 минатиот месец покажува дека во тој период се регистрирани 56 нови случаи на голема кашлица,  од кои 54 се во Скопје, а по еден во Струмица и во Дебар.  Заболените се на возраст од 0 до 70 години, а најголем број се од возрасните групи деца од 10 до 14 години.

Од новите 56 случаи,  хиспитализрани се три, две деца на возраст под една година и едно од возрасната група од 1 до 4 години.

Од вкупниот број регистрирани 123 случаи, 77 не биле вакцинирани, не се комплетно вакцинирани согласно возраста или нема доказ за вакцинација. Дваесет и седум заболени се со хоспитализација, а 22 од нив на возраст до четири години.

Две експериментални вакцини за новиот коронавирус, кои ги развиваат научници во рускиот Државен истражувачки центар за вирус и биотехнологија „Вектор“, ќе бидат тестирани во јуни, објави дене

Од 18 јануари до 29 февруари, согласно податоците доставени од ЈЗУ Здравствен дом – Скопје, од службите за вакцинација (Гази Баба, Чаир Карпош, Кисела Вода и Центар) е утврдено дека се пронајдени 13 184 деца пропуштени за вакцинација. Oд нив, вакцинирани се 5 056 (38,3 проценти). Од вакцинираните, најголем број и процент примиле I-ва ревакцина (2 492; 49,3 проценти).

Согласно возраста и Календарот за редовна вакцинација, вакцинирани се 7 690 деца на возраст до 7 години, а најголем број и процент (4 729; 61,5 проценти)  од вакцинираните деца примиле I, II или III доза на примовакцинација.  Вкупниот број на дози вакцина која содржи компонента против голема кашлица, дадени како примовакцинација (I,II,III доза) или ревакцинација (I,II ревакцина) на територија на Скопје во периодот од 18 јануари до 29 февруари изнесува 12 746.

Првиот случај со голема кашлица беше пријавен на 5 јануари годинава.

вакцинација вакцини голема кашлица градински
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.